Во време на несигурноста и неизвесноста од ситуацијата поврзана со Корона-вирусот, CreativeHub покрена иницијатива за поврзување на жените од маркетинг индустријата на светско ниво преку својот прв виртуелен самит “Жени во маркетинг индустријата”
Настанот ќе се одржи на 28ми, 29ти и 30ти април, а Маркетинг365 е медиумски партнер на настанот. Листата на говорнички на настанот можете да ја погледнете ТУКА.
„Настанот е инспириран од сите девојки и жени со кој секојдневно се среќавам на Академијата за дигитален макетинг во Creative Hub, жени кои сакаат да бидат независни, жени кои сакаат да развијат кариери, жени кои сакаат да бидат успешни во маркетинг индустријата. Преку Creative Hub поттикнавме иницијатива која брзо се рашири низ светот. Имаме спикери од 13 земји, 4 континенти, жени кои се основачи на креативни, маркетинг и комуникациски агенции, дигитални маркетери, истакнати новинари, маркетинг директори итн. А особено ми е драго што оваа идеја започна овојпат од кај нас ‟ вели Аријана Коскарова од Creative Hub, авторот позади оваа приказна.
Самитот е бесплатен, а сите заинтересирани може да се регистрираат на https://womeninmarketing.app.virtualsummits.com/