Црногорската агенција за електронски комуникации и поштенски услуги (ЕКИП) формирше електронски регистар „Не ме повикувај“ за оние кои не сакаат на нивните контакти да стигнуваат реклами.
Листата ќе содржи телефонски броеви и електронски адреси на корисници кои не сакаат да примаат пораки или повици за цели на директен маркетинг.
Внесување или бришење на податоците од него се врши бесплатно кај операторот каде корисникот има договор за претплата.
“Операторот е должен да го внесе во регистарот телефонскиот број или електронската адреса за која е поднесено барањето во рок од два работни дена од денот на приемот на точното барање на корисникот. Пристап до податоците од регистарот ќе имаат сите заинтересирани лица”, велат од ЕКИП по повод новиот услуги.