Кампањата “Croatia je Hrvatska“ е наградена со сребро

Во вторникот, 4-ти јуни, во рамките на конференцијата Interact, беа доделени наградите MIXX Europe за најдобрите проекти за дигитално огласување во Европа. Кроација осигурување и агенцијата Брукета & Жиниќ & Греј освоија сребро во категоријата бренд огласување за кампањата “Croatia je Hrvatska“, која ја реализираа во соработка со Адрис група и агенциите Бригада и Милениум промоција и се единствените наградени од Хрватска и регионот помеѓу кампањите за брендови како што се Кока-Кола, Нестле , Пепси Ко, Самсунг, Унилевер или Водафон. Ова е веројатно најважното натпреварување за дигитално огласување во Европа, кое е организирано од страна на IAB Европа, водечкота европска професионална асоцијација за дигитално огласување, а оваа година наградите се доделени во Варшава.
Претседателката на жирито Ана Лубовска, изјави: “Огласувачите денес, имаат цел спектар на канали со кои можат да допрат до луѓето, што со себе носи предизвици за алоцирање на маркетинг буџетите. Одбележувајќи ги најдобрите проекти, европските MIXX награди нагласуваат зошто дигиталните канали се нужни на секоја кампања. Ова натпреварување ги препознава овие кампањи и нивните творци кои постигнуваат извонредност во дигиталното рекламирање. “
Проектот “Croatia je Hrvatska“ досега има освоено единаесет награди вклучувајќи ги и Effie за маркетинг ефикасност, Mixx и SoMo Borac за дигитален маркетинг, Red Dot за дизајн на просторни искуства, IIDA за најдобар дизајн на изложба во светот која ја освои агенцијата Brigada, како и Гран При и Eventiada IPRA GWA кои ја освои Millenium promocija за организација на настани. Да се потсетиме, се работи за интерактивна и мултимедијална изложба, која беше поставена во тунелот Грич во Загреб, како времеплов преку паралелна историја на Хрватска и Кроација осигурување. На изложбата која беше посетена од повеќе од сто илјади луѓе, самите граѓани можеа да учествуваат во пишувањето на сопствената историја преку социјалните медиуми.