Црвениот крст во рамки на одбележувањето 75 години постоење денеска ја најави кампањата за обезбедување парична донација за Одделот за неонатологија при Универзитетска клиника за детски болести, која ќе трае до 17 март.
Средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за набавка на инкубатор за предвремено родени и болни бебиња сместени на Детската клиника.
Заинтересираните граѓани можат да донираат со повик на телефонски броеви и со уплати на Фондот на Црвен крст за солидарност.
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити на прес-конференцијата истакна дека 75 години, оваа година одбележуваат со слоганот „75 години каде е потребно“.
Додаде дека тие сметале дека овој момент и денеска е потребно да се тука и е потребно сите да се организираме и да ја насочиме нашата волонтерска хуманитарна активност во правец на обезбедување на поддршка за Детската клиника, конкретно за обезбедување на инкубатор.



















