Во панонската клима на регионот Бургенланд во Австрија, меѓународно познатите црвени, бели и слатки вина со многу посебни карактеристики типични за шесте винарски региони на Бургенланд се создаваат со срцето и душата на винарите кои живеат таму, чекајќи да бидат откриени од светот. Овие многу посебни „карактери“ заслужуваат и многу посебен комуникациски пристап.
Ова беше целта на новата туристичка кампања за Бургенланд која го носи необичниот наслов „So einen Wein spielt’s nur da“ (“Wine like this only stars here”/„Вакво вино ѕвезди само овде“).
Кампањата беше смислена од агенцијата House of Communication од Виена, а во неа глуми австрискиот театарски актер и телевизиска ѕвезда Николас Офцарек. Во она што е веројатно најчудната улога во неговата кариера, Офцарек го отелотворува ликот на самите вина преку неговиот препознатлив експресивен стил на глума.
Невообичаено за винска кампања, во рекламните спотови не е прикажано ниту едно вино од Бургенланд. Наместо тоа, самиот Офцарек врз себе го презема „ликот“ на 6-те реномирани вина од Бургенланд во шест кратки спотови во режија на Теса Кадлец од продукциската куќа Das Rund. Покрај нив, кампањата вклучува и серија печатени реклами и активности на социјалните медиуми.
Погледнете ги шестте спотови за секое од различните вина во продолжение:
- Вино „Neusiedlersee DAC Zweigelt“
- Вино „Leithaberg DAC Pinot Blanc“
- Вино „Rosalia DAC Rosé“
- Вино „Mittelburgenland DAC Blaufränkisch“
- Вино „Ruster Ausbruch DAC“
- Вино „Eisenberg DAC Blaufränkisch“