Паралелно со лансирањето на четвртата сезона од популарната филмска серија Stranger Things, платформата за стриминг Netflix реализираше обемна out-of-home кампања во 14 земји низ светот.
Netflix ги презеде некои од најпознатите знаменитости во САД, Австралија, Италија, Германија, Полска, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија, Колумбија и други земји, поствувајќи инсталации или врз нив рефлектирајќи чудовишта од т.н. „Превртениот свет“.
На познатиот облакодер Empire State Building во Њујорк гледаме застрашувачки лик и стравични молњи, на плажата Бонди кај Сиднеј се насука големо чудовиште со пипци кое го истражуваат луѓе во заштитни одела, а Портата на Индија во Мумбај се претвори во Портал кон „Превртениот свет“ од каде излегуваат чудовиштата.
Но, како да се спаси нашиот свет? Останува да видиме дали има одговор во денешното лансирање на вториот дел од сезоната! :)
View this post on Instagram
#StrangerThings4 has officially arrived down under pic.twitter.com/G7kdbl8yfV
— MightyFluff (@MightyFluff) May 26, 2022