Откако се појавија, Плазма Коцка и Плазма Стикс ги воодушевија сладокусците од целиот регион и станаа неизбежен дел од секојдневниот живот.
Добро познатото виолетово пакување потсетува на моментите кога ја потопувавме крцкавата Плазма во чоколадо, бел крем или крем од лешници, правејќи одлични комбинации во кои уживавме. Денес, ги имаме овие комбинации во форма на Плазма Коцка и Плазма Стикс и како такви тие ни ги носат нивните слатки приказни со прстофат уживање, страст и блискост.
Со помош на агенцијата McCann Белград, Плазма го претстави своето „виолетово лице“ и новата креативна платформа која, по првичниот успех на Плазма коцките, ја подигна комуникацијата на ново ниво.
„Со новата комуникациска платформа „Чувство што нè спојува“, сакавме да раскажеме силна и емотивна приказна за тоа како е создадено виолетовото лице на Плазма и да дојдеме до сржта на блискоста што сладокусците ја чувствуваат кон Плазма Коцка и Плазма Стикс. Суштината, секако, е во Плазмата, омилениот вкус кој е дел од нашите заеднички моменти со најблиските и кој сакавме да го комбинираме со чоколадо и други разни вкусови уште од мали нозе. Заедно со колегите од McCann Белград, се запрашавме „Што ги обединува нив?“ и вложивме многу напор да дојдеме до вистинската приказна, во која ни се наместија сите коцки“, вели Дамир Дураки, Senior Brand Manager во Бамби.
Платформата се потпира на наследството на брендот Плазма и зборува за теми кои се блиски до неа – емоциите и меѓучовечките односи. Како неизоставен актер во сложените односи помеѓу членовите на семејството, двајца пријатели, колеги, соседи или двајца заљубени, Плазма Коцка се појавува како сладок фактор што ги прави поблиски. Затоа што, како што и самата е идеална комбинација на Плазма и чоколадо, Плазма Коцка наоѓа свој начин идеално да ги поврзе луѓето.
Во новото видео, таа ни ја раскажа приказната за спојувањето на двајца млади луѓе:
„Од самиот почеток, целиот овој проект беше исполнет со емоции. Му пријдовме со голем ентузијазам, имавме многу убав, корисен, инспиративен разговор со клиентот и создадовме нешто за што сме многу горди. Ја препознавме фината сложеност на Плазма Коцка, таа посебна комбинација на Плазма и чоколадо и во неа ја видовме сложеноста на односите меѓу сите луѓе“, рече Марија Стошиќ, Senior Strategic Planner, McCann Белград.
Покрај на ТВ, кампањата заживеа и на други канали, а покрај новата позиција, Плазма Коцка сакаше да ја врати и поезијата на голема врата. „Преку поетското раскажување за Плазма Коцка, ја раскажавме приказната за двајца заљубени – пеперутки, збунетост, па дури и храброст – чувства кои што се случуваат кога две лица ќе се „поврзат“ за цел живот“ или барем дел од животот. Да се раскаже љубовна приказна не е лесно. Тимот кој работеше на кампањата беше голем, а процесот беше долг. Сепак, мислам дека и клиентот и продукцијата и агенцијата се задоволни од резултатот. Плазма Коцка убаво и лесно не поврза и нас, а тоа не е така лесно“, рече Јована Брадаш, Associate Creative Director, McCann Белград.
Плазма Коцка најави многу изненадувања во следните денови. Покрај Плазма Коцка, и Плазма Стикс подготвуваат подеднакво интересни приказни за нас, а во меѓувреме следете ги различните онлајн активации што ќе нè потсетат колку е важно да го пронајдете вашиот совршен спој и да ги споделите емоциите, а можеби и да ја покажете својата поетска страна.
Повеќе информации наскоро!