Дали знаевте дека жените поминуваат 50% повеќе време во неплатени домашни работи отколку мажите? Ајде да ја изедначиме разликата и подеднакво да ги поделиме неплатените домашни работи. Ајде да ги славиме жените!
Според родовата анализа на координативното тело за родова еднаквост на Владата на Република Србија, денес во Србија, жените поминуваат 50% повеќе време во неплатени работи во домаќинството отколку мажите. Неплатените работи во домаќинството вклучуваат одржување на просторот за живеење, купување и подготвување храна, дополнување на услугите кои им се даваат на членовите на семејството во јавниот и приватниот сектор и управување со социјалните и личните односи.
Овогодинешната кампања „Да бидеме =“ е продолжение на иницијативата што ја покрена Кока Кола по повод Меѓународниот ден на жената со цел да се подигне свеста за разликите во економските приходи на мажите и жените.
За системот на Кока Кола, 8 март е потсетник за никогаш да не се заборави борбата за човекови права, економска, политичка и социјална рамноправност на жените и мажите. Сепак, жените честопати се помалку ценети за нивната работа. „Низ целиот свет, жените се столб на компанијата Кока Кола и сигурни сме дека тоа е една од причините за нашиот планетарски успех. Ние веруваме дека еднаквоста и зајакнувањето на жените имаат неизмерни позитивни ефекти врз општеството во целина“, велат од компанијата Кока Кола, и додаваат: „Ние сакаме секоја жена и секој маж да бидат рамноправни во професионалните, но и во неплатените домашни работи. И затоа се залагаме за еднаквост и економско зајакнување на жените. За општество без разлики! “
„Иако со кампањата „Да бидеме =“ укажуваме на социо-економската нееднаквост на жените, Кока Кола всушност сака да ги инспирира сите оние кои се залагаат за целосна родова еднаквост во сите сегменти на општествениот живот, да продолжиме со зајакнување на жените секој ден и да ги почитуваме разликите, со што значително ќе придонесеме за социјална инклузија“, изјави Кубра Килицел, бренд менаџер на компанијата Кока Кола.
Обединетите нации во целите за одржлив развој ја издвојуваат целта број 5 – Постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки, што ќе придонесе сите жени да имаат еднаков пристап до образование, здравство, пристојна работа и да бидат застапени во процесите на донесување на политички и економски одлуки, што ќе поттикне одржливи економии и придобивки за општествата и целото човештво. Една од под-целите е целосно посветена на препознавање и вреднување на неплатената грижа и домашната работа преку обезбедување јавни услуги, инфраструктура и политики за социјална заштита, како и промовирање на заеднички одговорности во домаќинствата и семејствата, на начин кој е соодветен во определена земја.
Според податоците од 90 земји, жените дневно трошат во просек три пати повеќе време отколку мажите во неплатена грижа и домашни работи, што им го ограничува времето за платена работа, образование и слободно време и дополнително ја влошува нивната родово заснована, неповолна социо-економска положба.
„Во текот на 2020 година, сите станавме посвесни за принципите на одржлив развој во сè што правиме. Одржливата креативност е во основата на нашата филозофија, но исто така е неисцрпен извор на инспирација за создавање идеи кои можат да го придвижат светот. Во соработка со долгорочните клиенти и партнери, идеите ја покажуваат нивната целосна сила и креативност, иницираат социјален дијалог и ги поместуваат границите“, изјави Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann Белград и посака среќен Меѓународен ден на жената!