Американската телекомуникациска компанија Mint Mobile, во сопственост на познатиот актер Рајан Рејнолдс, реши да не се потруди многу со својата реклама за овогодишниот Super Bowl.
Имено, компанијата одбра да работи „попаметно наместо понапорно“, рециклирајќи стара реклама од 2020 година која го прикажува Рајан Рејнолдс како зборува во некоја шума.
Промената во новата верзија е тоа што видеото е превртено надолу и има нова нарација која, разбирливо, потполно несоодветствува со усните на Рејнолдс во видеото.
„Вие гледате рециклирана реклама. Видете, ние во Mint Mobile секогаш бараме начини како да ги заштедиме нашите пари, за да можеме да ги заштедиме вашите. Па, наместо да плаќаме за нова реклама, ние повторно ја искористивме оваа старата. Направивме само една промена. Веројатно не ја ни приметивте“ – вели Рајан Рејнолдс во старо-новиот спот на Mint Mobile.
Со цел уште поголема заштеда на пари, компанијата исто така реши да ја емитува рекламата непосредно пред Super Bowl, а не за време на самото одигрување на натпреварот.