Што е потребно за автоматизирано купување/планирање и кој се` учествува во тој процес? Најпрво, тука се технички прилагодените веб сајтови кои отворија свој простор за автоматизирана продажба на просторот, и агенциите кои пласираат огласи на веб сајтовите. Потоа, тука е и SSP (supply side platform) – платформа која им овозможува на сајтовите да управуваат со својот инвентар и да ја оптимизираат продажбата автоматски, и ги поврзува веб сајтовите со безброј DSP (demand supply platform) и Ad networks и со тоа се отвараат поголеми пазари. Понатаму, DSP (demand supply platform) користи агенции како би управувале и купувале кампањи т.е огласи на безброј Ad networks, мрежи кои на сајтовите им помагаат да го продадат својот непродаден инвентар, односно импресии, ги сегментира по локација, демографија, контекст, наместо да се преговара со сајтовите поединечно. Ad exchange го собира инвентарот од безброј Ad networks и сајтови и на ниво на однесувањето на публиката, со подобри податоци и таргетирање го нуди инвентарот по пат на аукција. И на крајот, Trading desk–Programmatic единицата во рамките на агенцијата го централизира и оптимизира инвентарот и цените со помош на DSP платформата. Звучи комплицирано, но е бескрајно едноставно во дигиталниот свет.
Никогаш не било полесно да се купува и да се патува отколку денес, кога технологијата се здружи со маркетингот. Ефтин хотел, нема проблем, камера по најповолна цена, еве сега ќе го известиме вашиот паметен телефон се` што ве интаресира. Можеби тоа во некоја мера го одзема задоволството на истражувањето (и мачното лутање), но секако штеди време.
Како тоа функционира е темата на овај текст – што е Programmatic или автоматизирано купување и пласирање на огласите и како огласите се пласираат на интернет во однос на потребите и интересите на потрошувачите.
“Programmatic е автоматизирано купување и продавање на огласите на интернет, во секунда, при што со висока прецизност се таргетира поединецот на ниво на личниот профил и на најефектни веб сајтови и портали за конкретната личност. Новата технологија во комбинација со големиот број на податоци за трагaта која нашата IP адреса ја остава на интернет, овозможиле купувањето и таргетирањето на онлајн огласите да се автоматизира со користење на алгоритми. Ова стана водечки тренд во светот, а принципот на автоматизација многу брзо ќе се пренесе и на другите медиуми, ТВ и OOH (што некаде веќе и се случува, во САД и Велика Британија)”, изјави за “Време“ Марија Јоксимовиќ, digital account директор на агенцијата Universal Media (UM), Белград.
Ете како се случува “тоа токму одговара за мене“ огласот, за одреден производ или услуга стигне до потрошувачот.
КАДЕ И ДА СТЕ: Со автоматизираното купување и продавање се исклучува директен контакт и преговарање со медиумите, помеѓу агенциите/огласувачите и медиумите, што значи брза трансакција, се исклучува купување на импресии врз база на демографија, локалитет, општи описи и ништо повеќе од тоа. Интернетот нема граници, потрошувачите се движат и локалните и на светските сајтови и каде и да се оставаат трага, така се доаѓа до секој од нив, каде и да бил тој.
Компанијата L’Oreal има искуство во обраќањето на корисниците на интернет. Како стојат работите кога станува збор за купувањето на веб просторот, објаснува Никола Иванов, шеф за маркетинг и дигитал во компанијата L’Oreal. “Ние во L’Oreal сме спремни во потполност да ја искористиме предноста на Big data технологијата. Тестираме различни модели и алатки на таканареченото Programmatic огласување (програматски медиа закуп), со цел со користење на иновативни и персонализирани техники да ја унапредиме комуникацијата со нашите потрошувачи.” Според неговите зборови, компанијата L’Oreal развива стратешки партнерства со локалните агенции кога станува збор за прецизно огласување и Programmatic медиа закуп, и смета дека српскиот пазар го прифатил овај модел. “Имавме веќе неколку кампањи во Србија во кои го тестиравме Programmatic моделот со тимот на Universal Media користејќи ја алатката Cadreon.”
Предноста на автоматизираната технологија, смета Иванов, е во тоа што сегментира публика на сосема ново ниво. “Programmatic огласувањето доведува до максимален досег на дигиталното огласување и пласирање на маркетинг содржината. Сепак, тоа е само еден дел од нашата целокупна стратегија на зацврстување на односите со купувачите (consumer engagement). Кога станува збор за ТВ Programmatic, тоа ќе допринесе за подобро разбирање на специфичните групи на телевизиска публика. Во секој случај, мислам дека ќе бидат потребни уште пет години за да таканареченото real time bidding за ТВ (лицитирање во реално време) да заживее и на нашите пазари”, вели шефот за маркетинг и дигитал на компанијата L’Oreal.
PROGRAMATIK во Србија: На светско ниво, овај начин на купување на онлајн огласи значајно расте, а на некои пазари веќе завзема околу 60% од вкупното купување на онлајн инвентарот. Поради дигитализацијата на ТВ сигналот и пуштање на телевизиските платформи преку интернет, и овај медиум се отвара за овај вид на автоматизација на купувањето, што на големо се случува во Америка и Велика Британија.
Целиот текст можете да го прочитате на сајтот magazina Vreme.