Романскиот автомобилски бренд Dacia го најави своето дебитантско учество на легендарното Рели Дакар со епска реклама која го одзема здивот и го слави наследството на истражување и себе-надминување на познатата трка.
Хиперреалистичниот филм, кој потсетува на големите филмски продукции, нè запознава со песочен свет кој е исто толку спектакуларен, колку што е предизвикувачки за возачите-истражувачи кои ги води желбата да откриваат нови терени.
Во спотот исто така се појавуваат возачите на официјалниот тим на Dacia, познат како “Sandriders” т.е. „Песочни јавачи“, во состав: Насер Ал-Атијах, Себастиен Леб и Кристина Гутиерез.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis Conseil и продукциската компанија Wanda, според визијата на режисерот Руне Милтон.