Производителот на автомобили Dacia, кој е дел од групацијата Рено, го освежува визуелниот идентитет на брендот и логото што ќе се најде на нивните идни модели од следната година.
Во втората половина на следната година, понудата на автомобили на Dacia ќе добие нов визуелен идентитет – оној што треба да започне нова фаза во историјата на компанијата. Dacia на тој начин добива целосно ново лого.
На новото лого е испишано името Dacia со големи букви, а новиот амблем едноставо означува DC во симетричен стил.
Новиот визуелен идентитет е развиен од внатрешниот тим на Dacia, а има за цел да ја комуницира робусноста и стабилноста на нивниот бренд, како и на возилата што ќе се продаваат под новиот амблем. Буквите се изработени од правилни, геометриски форми, тие се едноставни и читливи, а се поставени на сиво-маслинеста позадина, чија боја ја симболизира блискоста на брендот со природата.
Други бои кои ќе го нагласат новиот идентитет на брендот се темно зелена, теракота и боја на песок – според тоа, сè останува во природни тонови. Акцентот во дизајнот ќе бида во светло портокалова и зелена боја за да се нагласи чувството за „технологија“, велат дизајнерите.
Новото лого и палета на бои постепено ќе бидат воведени веќе овој месец, а сите салони на Dacia ќе бидат усогласени со нив на почетокот на годината. Освеженото лого ќе може да се види на возилата во втората половина на 2022 година.