Текст на Владимир Вуковиќ, копирајтер во агенцијата McCann Белград
Потребата на брендовите за нискобуџетни “вирални содржини” кои со таблоидски речник ќе ги „запали социјалните мрежи“ е константна колку и потребата да се продадат што повеќе производи. Но, ако една работа е јасна за секој кој се пробал во адвертајзингот на било кој начин, тоа е дека виралната содржина не може да се нарача. За жал, виралното видео не е полнета плескавица, ниту кубик буково дрво. “Виралот“ е нешто што се случува органски, кога ќе се поклопат сите карти, ѕвезди, ретроградни меркури, фаќачи на сонови, но и она најважното: добар инсајт и храбра егзекуција на идеи.
Токму сите тие аспекти се поклопиле во најновата кампања на Лав пивото која овие денови стана апсолутен интернет хит. Во прашање е серијалот на кратки комични видео скечеви на Лав пивото во кои брилјира глумецот Ненад Јездиќ.
Веќе долги години Ненад Јездиќ е заштитно лице на Лав брендот и неговата улога во сега веќе легендарната реклама од 2004 додина и прочуената реплика „А од кумот… телевизор” која не им е позната веројатно само уште на Амишите во зафрлените градчиња на Пенсилванија.
Сега, 12 година подоцна, после многу успешниот римејк на таа позната реклама, пред Лав пивото се најде нов предизвик: како со лимитиран буџет и во краток рок, користејќи ги само дигиталните медиуми, на најдобар начин да се искористи последниот квартал од 2016 година, оригинално и автентично да се обработи најголемата ноќна мора на сите креативци, сезоната на слави.
Во разговор со маркетинг тимот на Carlsberg се сложивме дека е потребен нов пристап кој бега од добро познатите клишеа кога е во прашање овај период од годината. Изборот падна на кампања која на смешен начин ги пародира на сите добро познатите стереотипни ликови кои ги гледаме на славите. Кога на таа идеја ќе додадете таков глумачки талент како што е Ненад Јездиќ, ги имате сите состојки за дигитална кампања која за многу краток период собра преку милион фејсбук прегледи и покрена многу дебати. Од новинерски текстови кои ги преиспитуваат верските обичаи до коментари на навредени фејсбук корисници имуни на хумор, оваа кампања уште еднаш покажа дека е подобро да се „заинаетите“ со неколку интернет моралисти, а да забавувате милиони, отколку да играте „на сигурно“ и да останете незабележан.
Доколку последните седум дена бевте во кома или само немавте платено интернет, погледнете ги сите епизоди на Лав славскиот серијал кој е доказ дека добрата идеја и квалитетната соработка на агенцијата со клиентот е единствен рецепт за успех.
https://www.facebook.com/pg/lavpivo/videos/
Среќна слава!