Автор: Магдалена Шамбевска Аневска, Nova Solutions
Како што сите ние во индустријата добро знаеме, брендот треба да поседува одредени перформанси, квалитет и ниво на кое ја извршува својата функција. И заради тоа многу производи, чиј квалитет варира, никогаш не стануваат брендови. Всушност, многу брендови не го издржале тест периодот. Од друга страна, некои опстојуваат со децении. Во што е нивната тајна?
Тајната е во променливоста на производот. Брендот е константа, не производот. А тоа значи дека, производот мора да се менува во склад со барањата на пазарот , за да може секогаш да ги исполни барањата за тој бренд. Звучи логично? Да. Но, не е едноставно… ;)
Што и дали презедовте нешто вие после ситуацијата со пандемијата?
Откако пандемијата ги промени потрошувачките навики на купувачите време е да се замислите каква стратегија ви е потребна за поголема продажба и ликвидност на компанијата во 2021.
После толку месеци карантин и социјална дистанца, потрошувачите беа принудени да купуваат на сосема друг начин. Се разбира преку интернет, онлајн. Што за нашата земја не беше толку вообичаено.
Моменталниот пресврт кој настана, не би можеле да го постигнеме ниту за една деценија. Но, на овој начин, трендот за купување преку интернет, се забрза, што од една страна е позитивно.
Од друга страна, периодов, нашите потрошувачи и бизниси се соочија со момент во кој пандемијата направи малку повеќе да се замислиме. Без разлика дали сме во улога на купувачи или продавачи.
Со оглед на тоа што потребите за нормално функционирање останаа исти, а движењето мораше да се ограничи сите ние се охрабривме повеќе за онлајн купување. А како резултат на тоа, бизнисите веќе развиваат стратегија за свои онлајн продажби преку социјалните мрежи, веб продавници или други канали.
Ако и вие го следите трендот и веќе развивте стратегија за интернет продажба во 2021, тогаш сте на вистински пат. :)
Во продолжение, ќе споделам со Вас, алатки кои само ќе ја поткрепат вашата стратегија и план за комуникација со бизнис партнерите и потрошувачите, а воедно ќе ја згoлемат и видливоста и продажбата на вашиот бренд.
1. Видео – е новото нормално.
Прво да почнеме од она што е очигледно. Zoom, Microsoft Teams, Skype, или Google Hangouts се најкористените начини за онлајн состаноци со други компании, партнери или комуникација со колеги. Зошто и вие да не ги практикувате, сега кога физичките состаноци, саемите, бизнис ручеците се ставени на “пауза”.
Видеото не само што наоѓа голема примена во комуникацијата, доколку има промотивна цел, т.е истото е корпоративно, едукативно или во улога на ТВ реклама може да помогне во подобра промоција на вашиот производ или услуга. Освен тоа, ако во истото се емитува содржина која нуди решение за секојдневните проблеми на луѓето или го олеснува нивното фукнционирање, бидете сигурни дека сте си обезбедиле успех со неговото прикажување.
Што мислите, како ќе реагира вашата публика/следбеници на социјалните мрежи доколку објавите видео со сведоштва од ваши задоволни клиенти, или “пред и потоа” од користење на одреден продукт или услуга?
Пробајте, доколку ефектот е добар, практикувајте ги овие видеа почесто. И не само тоа, не испуштајте еден важен детал. Превод или т.н титл. Тој е одличен начин за содржината да стане уште подостапна на гледачите. Сметајте дека некој сака одредено видео да го погледне но е во гужва. На овој начин, вака, со поставениот титл ќе може да си чита последователно и да биде во тек, без да има потреба од аудио или слушање било какви звуци.
2. Онлајн едукацијата ќе продолжи да се зголемува.
Зошто за вас и за вашиот тим да не обезбедите обуки или курсеви кои ќе го потпомогнат развојот и надградувањето во вашата област!? Тие се секогаш добредојдени. Размислете заедно на која тема да изберете тренинг и што ќе биде корисно за Вас, за вашиот бизнис и функционирање.
3.Вашата веб страна ќе биде од круцијална важност.
Ако досега не беше, вашата веб-страница сега ќе биде “моторот” или “срцето” за вашиот маркетинг, сега и во иднина.
Клиентите денес истражуваат и комуницираат повеќе на Интернет со бизнисите. Затоа, осигурете се дека искуството на корисникот на вашата веб-страница е јасно обележано и имате бројни методи што ќе ви овозможат да соработувате со вашите нови и постоечки клиенти. Методите за снимање на податоци, како што се формуларите и чет-ботовите на главните области на вашата веб-страница, ќе помогнат да се добијат информации за клиентите што ќе ви овозможат да дадете помош во време кога на посетителите им е најпотребна. Постојат неколку одлични алатки кои помагаат да се провери квалитетот на вашата веб-страница, како што е „ Google Page Speed Insights “ и „website grader tool“ алатка за оценување на веб-страници.
Освен тоа, доколку имате веб продавница, погрижете се истата да биде добро оптимизирана, прегледна од сите типови уреди, и со т.н “user friendly” изглед. Да биде практична и едноставна за купување.
4. Платени/спонзорирани реклами
Ефектот од платените реклами после пандемијата се зголеми за 21%. Без разлика дали користите Google Ads, YouTube Ads или платени реклами на социјалните мрежи Facebook ads, Instagram ads итн.
5. Социјалните мрежи се “must – have” во моментот.
Ако претходно беа неопходни, сега се задолжителни. Преку најпопуларните платформи комуникацијата со потрошувачите е толку олеснета, што се земаат во предвид нивните искуства, желби и очекувања. Освен тоа пренесувањето на важните информации за новитетите и случувањата во вашиот бизнис може да ги споделите за момент пред огромна публика. Како што се: акции, најава на нови производи, отворање на нови продажни места и што ли уште не.Кога ќе стекнете онлајн купувачи кои ви се лојални, погрижете се да ги наградите на некаков начин или да покажете одредено внимание кон нив што ќе даде една дополнителна вредност на нив, со цел да ги мотивирате повторно и повторно да купуваат од вас.
6. ЗОШТО да се ориентирате ОНЛАЈН?
Достапен е Глобален ПАЗАР. Милиони луѓе користат интернет. Преку блогови, социјални мрежи, веб сајтови, апликации, пребарувачи…. Продавањето онлајн ги отвара вратите кон светските пазари. Обезбедува достапност 24/7. Без разлика на временската зона, луѓето може да ве контактираат преку СМС, меил, chat… Имате пониски трошоци, полесно ги менаџирате трошоците и може да ве има насекаде.
7. Кога веќе преминувате онлајн и се трудите да сте повидливи на Интернет, обрнете внимание на вашиот бренд идентитет. Следете ги трендовите околу изгледот на вашите производи/услуги. Можеби имате потреба да го освежите изгледот на логото, да направите редизајн на старите етикети , да го промените начинот на промоција итн.
Само на овој начин, со следење на трендовите од светот и нивна имплементација во работењето, вие ќе си обезбедите успех, ликвидност за компанијата и конкурентност на пазарот.. Дајте им на вашите клиенти/потрошувачи повеќе опции за избор на купување. Со физичко присуство во вашите продажни места но и со онлајн поддршка. Известувајте ги преку одредени канали за комуникација навремено за новостите и случувањата кај вас, за новите производи и акции.
Држете ги будни и не дозволувајте да ве заборават. Бидејќи конкуренцијата е голема и не спие. Доколку на време не превземете чекор, конкурентите “ќе го изедат и вашиот дел од колачот”.
За стручни консултантски совети и развој на напреден медиа план не двоумете се да се консултирате со стручна маркетинг агенција која ќе ви помогне полесно да се справите со кризата, да се позиционирате подобро, да го зајакнете својот бренд идентитет и пред се да ја зголемите продажбата.