Деновиве се погласни се шпекулациите дека најпопуларната социјална мрежа – Facebook, сериозно размислува да влезе во бизнисот на адвертајзинг мрежи. така што би лансирала своја мрежа која на девелоперите ќе им овозможи вметнување на Facebook ads. во нивните апликации заради монетизирање на услугите.
Овој потег на Фејсбук се оценува како директен напад врз Гугл-овата AdMob и Ејпл-овата iAd адвертајзинг мрежа и значи големо прошиување на advertising сервисите кои Facebook ги нуди, бидејќи одсега ќе прави и пари од корисници кои директно не го посетуваат Фејсбук.
Шпекулациите велат дека ФБ ќе им овозможи на паблишерите и девелоперите искористување на огромната датабаза на социјалната мрежа која ќе овозможи поекстензивно таргетирање на публиката, што на маркетерите ќе им овозможи дополнителна вредност.
Мрежата ќе овозможи брендовите да пласираат реклами на повеќе мобилни апликации и игри, таргетирајќи луѓе кои го “откриле“ својот идентитет и преференции на Facebook…..а тие се повеќе од една милијарда.
Ако сето ова е вистина, значи дека Фејсбук конечно смисли начин како да ја направи вистинската транзиција во монетизирање на фактот дека корисниците се почесто се на мобилен (и на социјалните мрежи) преку мобилен, што претставуваше проблем за Фејсбук бидејќи беше голем минус за нивната ад платформа која првенствено беше креирана за десктоп посетители.