”Facebook станува јавен непријател број еден на весниците. Не поминува ни еден ден без да постои негативна статија во весниците за социјалниот медиум кој се повеќе ги повлекува кај себе примамливо читателите но и компаниите кои се рекламираа во весниците.”
Во изминатите неколку недели овие критиките се чини дека се повеќе се раширија на поширок спектар на теми.
Прво, критиките започнаа по блокирање на слика на девојка која се обидува да избегне напад во Виетнам. Овој акт на Facebook резултираше со гнев искажан од страна на премиерката на Норвешка Erna Solberg во весникот Guardian, Jane Fae во Daily Telegraph и Dominic Lawson во Sunday Times.
Даночните активности на Facebook, исто така, се најдоа под микроскопoт на принт медиумите. Беа покренати доста прашања во врска со нападот на Фејсбук на софтверот за блокирање на реклами (иако тоа е во интересот на медиумите). Беа забележани и доста критички настроени натписи за опцијата за прикажување на новости на социјалната мрежа, со посебен интерес на делот на “trending topics” – опцијата за популарни новости.
Се расправа јавно дека со ова се стеснува агендата за прикажани новости пред корисниците од страна на Facebook кој ги советува (или ” им кажува”) што да прочитаат. Очигледно, луѓето се обврзани да го следат стадо.
Според студија на Истражувачкиот центар Пју објавена во мај, 66% од корисниците на Facebook добиваат вести преку сајтот.
Овие избори на вести кои се прикажуваат се направени од страна на алгоритми, кои можат да ги надгледуваат интересите на корисниците, а потоа се надградуваат со она што се верува дека корисниците сакаат да читаат, притоа филтрирајќи го материјалот што не би требало да е во интерес на корисниците. Затоа, овој систем создава т.н “ехо комора” или “филтер меур” ефект.
Еден од писателите на Тајмс во статија објавена минатата саботата, се произнесе дека : “вестите на Фејсбук се она што Фејсбук вели дека се” (односно Facebook ги диктира новостите). Иако можеме да потврдиме тивко во себе дека се согласуваме со произнесеното, потребно е да се потсетиме дека овие новинари го занемаруваат фактот дека пред доаѓањето на Интернет вестите, се прифаќаа вестите од страна на весниците.
Тоа отсекогаш било случај од зората на медиумите дека контролорите на новински агенции – весниците, телевизијата и радиото, Интернет – прават избор за тоа што треба да се објавува, што е уште важно, а секако што не треба да биде објавено
Дали постои реална потреба да бидеме особено загрижени за Facebook?
Jemima Kiss од Guardian во последното издание на British Journalism Review се согласува со ова прашање. Во нејзиниот напис ‘’Гигантoт кој може да не изеде’’, тврди дека водечкиот социјален медиум се насочува кон ‘’зголемена доминација на приходите на полето на Интернет рекламирањето и контрола над значаен дел од критичката дистрибуција за рекламирање на Интернет’’. Корисниците “доброволно даваат бескрајни лични информации за себе на Facebook ” што му овозможува на сајтот ‘’да продава трагетирано рекламирање во непосредната околина на корисниците овозможува на локалитетот “. ”Сè поголемата доминација на Facebook овозможена преку рекламирањето, предизвикува наплив на отпуштање на новинарите, луѓето кои ги произведуваат вестите кои овој медиум ги пренесува на своите корисници. Логичниот заклучок во тој процес не е само уништувањето на старите медиуми, наследството на медиумите, мејнстрим медиумите, но и крајот на новинарството какво што го знаеме.”
Пред циниците да речат дека ова и не е толку лошо (додека дигиталните оптимисти тврдат дека независно, а со тоа и подобро, поквалитетно, новинарството ќе се појави во ова место), се мисли на опасностите со кои се соочуваме без колектив од организирани, квалификувани новинари кои работат за големи организации.
”т.н ‘’Facebook-изација’’ на вести има потенцијал да ја дестабилизира демократијата, примарно, преку креирање контрола над она што го читаме и, второ има потенцијал за уништување на местата кои обезбедуваат таков вид на материјал.”
Во една од студиите на Истражувачкиот центар Пју, се прикажани резултати дека Фејсбук е далеку најпопуларниот сајт за споделување на вести во САД. Осврнувајќи се на контроверзиите во текот на контролата во однос на изборот на вести укажува дека иако уредниците се заменуваат од страна на алгоритми, овој тип на “роботи”, се разбира, дизајнирани се од страна на луѓето. Во согласност со оваа констатација одлуките за тоа што се појавува, а што не се појавува на Facebook не се ниту неутрални, ниту непристрасни.
Слично на тоа, преку креирањето на новости кои им ги донесуваат на луѓето вестите кои тие би требало да ги сакаат, тие луѓе ретко, ако воопшто, ќе читаат друг материјал кој нуди поинаква перспектива. (Повторно, треба да се биде објективен и да се признае дека ова може да е и случај во светот на печатените весници. Ако читате, да речеме, Daily Mail или Daily Mirror секој ден, дали би се чувствувале обврзани да прочитате и алтернативни мислења од други весници ?)
Kiss тврди дека панелот со новости на Facebook исто така ”поттикнува површен ангажман. Лајкот или споделувањето на објавата на Facebook ја поддржува само идејата зад насловот, бидејќи панелот со вести е динамичен и не нуди посебен поттик да се почека прво да се прочита во целост новоста до крај по потоа да се реагира на неа.” Таа искажува сомнеж во транспарентноста во алгоритмите на Facebook. Таа пишува: “Многу е веројатно дека заштитата на новинарството не е приоритет на Фејсбук, каде инженерите се оние кои ја одржуваат власта, а решението речиси секогаш се добива преку технологијата”.
Фејсбук е несомнен комерцијален успех и тоа го има постигнато прилично “во конкурентен и отворен пазар, но новинарството е повеќе од бизнис – тоа има клучна и социјална цел која во овој период на нестабилност, изолациона политика, моќ и богатство, е поважна од било кога.”