Погледнете ја приказната за радоста и значењето на дарувањето со Елтон Џон во главната улога
Секоја година пред Божик, компаниите и брендовите се натпреваруваат кој ќе ја сними најдобрата реклама.
Оваа година дефинитивен победник e ланецот на стоковни куќи Џон Луис, кој претстави видео спот со Елтон Џон во главната улога.
A рекламата е навистина маестрална.
Во почетокот го гледаме Елтон како седи зад пијаното и свири. Потоа следува динамичен преглед на неговата кариера – но наназад: од најголемите настапи на стдионите, свирките во помалите клубови, првите настапи како дете и моментот кој го промени неговиот живот – Божиќното утро кога на подарок го доби своето прво пијано.
Спотот завршува со пораката дека некои подароци се повеќе од само подарок, бидејќи буквално може да го променат нечиј живот.
Во рекламата е користена една од најпопуларните песни на Елтон Џон “Your Song”.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=mNbSgMEZ_Tw