Кампањата на Џевахир Скај Сити е креирана на идеален начин, со цел да ве натера да размислите. Не ве убедува, не ви кажува што да правите, само на многу интересен начин ви го претставува сегашниот износен, нефункционален и непрактичен модел на однесување, спротивен на тоа што го наметнува модерниот живот, додека пак живеењето во современ комплекс како Џевахир Скај Сити го нуди како решение.
И точно тука, со прашањето за размислувањето над просекот, кампањата на Џевахир Скај Сити оди чекор понапред, поттикнувајќи ги минувачите да преиспитаат некои од своите ставови. Во случајот со Џевахир Скај Сити, се работи се продавање на станови од посебен вид, лоцирани во еден од најмодерните комплекси на Балканот, така што рекламирањето преку билборди е одличен начин да се претстави на сите за што се работи и каков вид на уникатност се нуди во животните услови во Џевахир Скај Сити.
Билбордите се масовен медиум, но на нив им е потребна поддршка и поврзување со останатите медиуми, кои ќе помогнат во препознавањето на брендот и директно ќе влијаат на продажбата на одреден производ. Таква практика беше воспоставена од Џевахир Скај Сити, кои, покрај мрежата на билборди, развија активна Фејсбук страница со дневни ажурирања на новостите и понудите, која исто така служи за директна комуникација со секој кој ги забележал билбордите и се заинтересирал да биде дел од новиот и модерен Скај Сити комплекс.
Во време кога дигиталниот маркетинг и адвертајзинг земаат голем замав и ги ставаат традиционалните медиуми, како телевизијата, печатот и радиото во втор план, билбордот како медиум остана релативно несменет. Поставени на секој чекор, билбордите се целокупниот рекламен простор кој може да биде забележан надвор од виртуелниот свет, за време на возење, пешачење или пак џогирање. Во успешното пренесување на маркетинг пораките, билбордите поминаа процес на промена и прилагидување, со цел да бидат најефективни што можат.
Повеќето од времето, тие се насочени кон привлекување внимание, информирање и пренесување на порака на возачите, на велосипедистите и на пешаците. Нивната функција е да привлечат внимание и да креираат постојана импресија во краток временски период. Како една од успешните билборд кампањи е маркетинг кампањата на Џевахир Скај Сити, преку која прашањето „Размислувате ли над просекот?” се прашува низ цело Скопје. Ако земеме во предвид дека времето на забележување и разбирање на рекламната порака трае 6 секунди во просек, тогаш ова прашање од билбордите на Џевахир Скај Сити е доволно да ве натера да размислите и да го побарате одговорот во себе.