BalCannes е регионален натпревар за креативност кој долги години ги обединува најдобрите проекти од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, а новина од последната натпреварувачка сезона е големиот BalCannes Report – целосен преглед на ситуацијата во регионот според BalCannes, кој ќе се објавува на годишно ниво со листа на најдобрите и ќе биде достапен на сите.
На завршувањето на натпреварот, анализата на резултатите и освоените бодови во овој сеопфатен извештај покажува кои се најдобрите креативци во регионот според низа критериуми – во однос на земјите на натпреварувачите, категориите, проектите, агенциите, огласувачите, различноста на перспективите на жирито и други критериуми, а за инспирација и мотивација – извештајот е достапен во целост на овој ЛИНК.
Овој регионален натпревар за креативност е совршена можност како за етаблираните, така и за младите креативци на сцената да го покажат најквалитетното меѓу нивните проекти и да го заземат своето место на врвот на табелите, со што ќе го претстават квалитетот на нивната работа пред другите професионалци во индустријата, медиумите и огласувачите. Важно е да се истакне дека на BalCannes може да се пријават целосни, интегрирани кампањи, како и поединечни, уникатни делови во рамките на некоја кампања кои претставуваат една идеја имплементирана во текот на двегодишниот квалификациски период од 20 август 2021 година до 16 ноември 2023 година.
Пријавувањето на BalCannes е исклучително едноставно – доволно е да го пополните формуларот за апликација и да приложите кратко видео резиме, а сите информации за начинот на пријавување се достапни во правилникот на натпреварот. Редовниот рок за пријавување трае уште кратко време – до 16 ноември 2023 година.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамки на фестивалот Денови на комуникаците во Ровињ, а сите дополнителни информации за натпреварот се достапни на следниот ЛИНК.