Без разлика дали сте еден од оние кои го поминуваат поголемиот дел од своето време на само неколку најпопуларни сајтови или уживате да откривате нови веб сајтови на интернет, веројатно сте се запрашале колку регистрирани називи на интернет домени има во светот. Под називот интернет домен се подразбира алфанумеричка низа од типот на google.com што им овозможува на посетителите лесно да запомнат каде да го најдат вашиот сајт.
На крајот на вториот квартал од оваа година, во светот имало речиси 355 милиони регистрирани називи на интернет домени во светот, од кои над 40% (околу 142,5 милиони) биле под закрила на популарната .com екстензија. Потоа следи .cn со околу 23 милиони, а на третото место, нешто неочекувано, е наставката .tk со околу 22,5 милиони регистрирани имиња.
Првиот назив на интернет домен е регистриран на 15 март 1985 година, а тоа беше доменот Symbolics.com. До крајот на таа година, бројот на називи на домени се зголемил на “импресивни“ шест, но од тогаш започна лавина. Од моментално познатите компании, компаниите Xerox, HP, IBM и Intel беа меѓу првите што регистрирале свој домен. Компанијата Apple својот назив на домен со наставката .com го регистрираше во февруари 1987 година, речиси две години после регистрирањето на првиот назив на домен.
Покрај најпопуларните екстензии, постојат и многу други, повеќе или помалку познати. Компаниите кои се занимаваат со регистрација на домени имаат на понуда стотици различни наставки.
Како што споменавме, кинескиот .cn е втор на листата на популарност на сите екстензии на домени, така што не е изненадување што е прв на листата кога станува збор за националните домени. Следуваат .tk и германскиот .de со околу 16,2 милиони.
Веројатно се прашувате како .tk е толку високо на листата и од која држава потекнува. Зад доменот .tk се крие Токелау, мала земја во Пацификот, а огромната популарност се должи на фактот што .tk е единствениот TLD домен (домен на највисоко ниво) што може да се регистрира бесплатно.