(РЕГИОН) – Третото издание на “Денови на комуникацијата“ (Danа Komunikacije), националниот хрватски фестивал за огласување ќе се одржи од 16 до 19 април во Ровињ во хотелот Лоне. Организаторите на настанот – ХУРА (HURA) и ИАБ во партнерство со реноминираните фестивали Cannes Lions и Eurobest на “Денови на комуникацијата“ ги носат некои од најмаркантните стручњаци од комуникациската индустрија од светот како и голем број на претставници од компании огласувачи.
Овогодишното издание ќе понуди увид во светските маркетинг трендови и ќе потикне дебата за состојбата на индустријата во Хрватска и регионот. По прв пат ќе бидат држани и т.н. huraonici, кружни маси на кои учесниците ќе расправаат на определена тема и ќе споделуваат знаење и искуство во по-неформално опкружување.
“Посилно од било кога досега ја пренесуваме пораката која воедно е и наслов на едно од предавањата: Creativity matters! Резултатите на продажбата се подобри доколку комуникацијата е креативна – тоа е едноставна премиса која ги дели најдобрите од просечните, успешните од пропаднатите, победниците од зихерашите. Со таа идеја во мислите ја претставуваме програмата на фестивалот со предавачи кои на креативноста и даваат смисла, кои го препознаваат најдоброто од креациите како и онии кои ги наградуваат најкреативните. Отаму и партнерството на ХУРА, односно “Денови на комуникацијата“ со Cannes Lions и Eurobest фестивалите заради кои и изборот на предавачите е најдобар до сега! Програмата, наградите, дружењето – се на Денови на Комуникацијата е подредено да инспирира храброст, креативност, позитивност. Сите кои се поврзани со маркетингот и огласувањето не би смееле да пропуштат таква прилика“ – изјави Дамир Циглар, претседател на управниот одбор на HURA.
Новата директорка на програмата, Дунја Ивана Балон спреми исклучително богата програма во која учествуваат водечките светски експерти кои управуваат со развојот на индустријата. Меѓу нив се и Pete Blackshaw, глобалниот директор за маркетинг и социјални медиуми за Nestle, кој управува со онлајн комуникациите на еден од најдобрите огласувачи во преку 130 земји и ќе го одржи предавањето под назив “Digital Transformations“. Посебен гостин на фестивалот е и Philip Thomas, претседател на управата на Lions Festival, организаторите на некои од најголемите маркетинг фестивали како што се Eurobest, Cannes Lions, Spikes Asia и др. кои ќе одржи предавање под наслов “Creativity Matters”. Гостува и David Muhlenfeld потпретседател и креативен директор на Martin Agency, кои минатата година се истакна како еден од најдобрите говорници на Eurobest и Cannes Lions со своето предавање под наслов “Every Jingle is a Love Song: What Advertising can Learn From the Music Industry” .
Важен дел од Денови на комуникациите се и и стручните натпреварувања – Effie, IdejaX и Mixx кои оваа година донесуваат бројни новитети. Клучни се новостите насочени кон овозможување на можноста за што поширок број на компании и агенции за наградување на нивната креативност и иновативност од страна на професијата. Натпреварувањето Effie кое ја наградува ефикасноста на маркетинг комуникациите оваа година ја воведува категоријата “Медиска идеја“, која е насочено кон промоција и наградување на работите на медиските агенции во Хрватска; натпреварувањето Mixx за најдобрите проекти во онлајн медиумите, од оваа година наградува во две нови категории – Branded Content Campaign и Best Media Strategy. IdejaX, националното натпреварување во креативност и оваа година ги повикува сите домашни креативци и агенции да ги одмерат своите сили и да ја покажат својата креативна продукција и потенцијал и да се претстават на потенцијалните клиенти.
Повеќе информации за целиот настан можете да прочитате на : www.danikomunikacija.com