Хајнекен сериозно ја “зареди” со реклами за своето безалкохолно пиво. И не е ни чудо што во некои пазари доминантно се постави како најбрзорастечки безалкохолен пивски бренд.
Следен во редот да го промовира безалкохолното пиво на Хајнекен се појави агентот 007, Бонд, Џејмс Бонд, во реклама изработена со поддршка на Публицис Италија.
Овојпат брендот ги “соочи “Даниел Крег и Џејмс Бонд, односно актерот што се прослави глумејќи го култниот лик обидувајќи се да истера приватен одмор, мораше на кратко да биде ликот што го глуми за да се соочи со малата непријатност. Еднаш Џејмс Бонд, секогаш Џејмс Бонд. Додуша место мартини сега со нов пијалок!