Агенциската мрежа Omnicom Group го назначи Дерил Сим за нов генерален оперативен директор на компанијата.
Сим доаѓа од позицијата на генерален извршен директор на Omnicom Media Group, отсекот на агенциската мрежа кој работи со медиски закуп. Дерил Сим се приклучил на Omnicom во 1998 година, а пред тоа бил долгогодишен директор во Procter & Gamble.
Како генерален оперативен директор, Дерил Сим ќе се најде на втората позиција во хиерархијата на Omnicom, веднаш зад генералниот извршен директор и претседател Џон Врен. Второименуваниот ја води компанијата од 1997 година, а со оглед на тоа што има 69 години, веќе се поставува прашањето за негов наследник. Според многумина, тоа ќе биде токму Дерил Сим, кој сега има 60 години.
На местото на генерален извршен дирекотор во Omnicom Media Group, како наследник на Дерил Сим, доаѓа Флоријан Адамски – досегашен генерален извршен директор на OMD Worldwide.
Според последните деловни резултати, Omnicom е третата највредна агенциска мрежа во светот, со пазарна вредност од 15.1 милијарди долари и околу 65,000 вработени ширум светот.