Технолошкиот гигант Google и медиската компанија Disney ги здружија силите со цел промоција на своите производи – лаптопот Chromebook и новата Star Wars филмска серија “Andor”.
Рекламата го пренесува разговорот на еден родителски пар кој е на „тајна мисија“ побрзо да ги заспие своите деца, со цел потоа мирно да може да ја гледа премиерата на новата серија. Притоа, двајцата родители ги користат функционалностите на Chromebook за да комуницираат и да го развијат својот план.
Новата серија Andor ќе ја има својата премиера на 21 септември на стриминг-платформата Disney+, а ќе се фокусира на борбата на „Бунтовниците“ против „Империјата“ во светот на Star Wars. Па, токму затоа и кампањата на двата брендови е наречена “Date Night For Rebels” („Ноќ за состанок на бунтовници“).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција B-Reel Stockholm и продукциското студио Fanny & Alexander.