Американската адвертајзинг агенциска мрежа DDB Worldwide, дел од групацијата на Omnicom, соопшти дека го назначила искусниот Алекс Лубар за нов глобален претседател и генерален оперативен директор на агенциската мрежа.
Според соопштението на DDB, назначувањето на Алекс Лубар претстанува „стратешки потег за дополнително зајакнување на глобалниот лидерски тим на DDB под раководство на глобалниот генерален извршен директор, Марти О’Халоран“.
„Нашата амбиција е да бидеме најдобрата креативна агенција во светот. Алекс дополнително ќе го зајакне мојот глобален лидерски тим и ќе ни помогне да достигнеме повисоки нивоа на органски и нето нов раст, а истовремено ќе продолжиме да ја ставаме креативноста во центарот на сето она што го правиме“ – истакнува О’Халоран.
Богатата кариера на Лубар вклучува скоро дведецениска работа и повеќе високи функции во агенциите McCann, Grey, BBH, The Ad Store и Rapp Collins Worldwide.