Шведската оперска куќа Фолкоперан минатата недела привлече над илјада деца кои самоволно ја избираа операта. Како? Овозможувајќи им да бираат помеѓу операта и една работа што децата ја сакаат уште помалку – брокула.
Кампањата ја креираше и реализираше агенцијата McCann Стокхолм, која работи во рамките на I&F Grupа, еден од најголемите комуникациски системи во Југоисточна Европа и Нордискиот регион.
Операта не е само уметничка форма, туку и повеќе или помалку непостоечки избор за помладата генерација. Затоа, шведската оперска куќа Фолкоперан се соочи со голем предизвик кога ја постави „Коралин“ од Нил Гејман како семејна опера.
„Не можете лесно да ги измамите децата. Давањето слатки или правењето смешни реклами нема да нè однесе никаде. Наместо тоа, им дадовме понуда што тие сигурно би ја одбиле“, вели Сузан Руснер, директор за комуникации во Фолкоперан.
Наместо летоци, оперската куќа на родителите низ Стокхолм им подели стотици брокули, документираше експеримент со триесетина деца и изведе герила акција со вистински брокули во подземната железница.
„За сè постои прв пат. Овој пат, успеавме да убедиме голем број на деца „произволно“ да нè изберат. За среќа, на крајот, гледаме дека операта всушност започнува да станува сè поатрактивна помеѓу младите луѓе“, додава Сузан.
„Коралин“ ќе игра во оперската куќа Фолкоперан до 9 март и сите билети се речиси распродадени.
За шведската оперска куќа Фолкоперан провокативното рекламирање не и е туѓо. Пред извесно време, тие го промовираа “Турандот“ со вистински оргазам, а во нивното толкување на делото „Маскиран Бог“ на сцена беа и вистински романски мигранти од ЕУ.