По повод 50 години од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка, државната пошта Posten Norge се одлучи да испрати порака на инклузивност со својата нова Божиќна кампања.
Централниот спот на кампањата насловена “When Harry Met Santa” („Кога Хари го запозна Дедо Мраз“) ја раскажува приказната за хомосексуалната љубовна врска помеѓу маж по име Хари и Дедо Мраз.
Поради обврските на Дедо Мраз, двајцата мажи може да се гледаат само еднаш годишно. Меѓутоа, за да нема застој во разнесувањето подароци ниту ден, норвешките пошти ја преземаат одговорноста на Дедо Мраз и му го овозможуваат потребното време за да може на мир да го бакне својот партнер.
Кампањата е создадена со помош на адвертајзинг агенцијата POL од Осло.