Американскиот ланец на продавници за малопродажба на електроника Best Buy ја лансираше својата нова кампања во пресрет на празничната сезона.
Централниот спот на кампањата се случува на Северниот Пол, каде џуџињата на Дедо Мраз добиваат достава на уреди од Best Buy за да организираат забава. Гледаме телевизор во висока резолуција за добар гејминг, безжични звучници за добра музика и печка за вкусни колачиња.
Целата бука го буди Дедо Мраз од својот сон во соседната куќа. Строгиот дедо оди кај џуџињата и ги кара дека треба да се одморат, бидејќи им претстои многу работа. Но, штом Дедо Мраз си замине, тие продолжуваат со забавата.
Концептот позади кампањата бил развиен од внатрешниот креативен тим на Best Buy, а режисери на спотот се Дариус Мардер и Брам ван Рит.