Во светот, 13 февруари е познат како Светски ден на радиото
УНЕСКО го воспостави овој датум во 2011 година, како потсетник за 1946 година, кога беше емитувана првата програма на радиото на Обединетите Нации. Целта на обележување на овај ден е промовирање на можностите на радиото, медиум кој допира до најшироките слоеви од населението и кој може да направи многу за едукацијата и културниот и политички дијалог и да им помогне на луѓето во најразлични животни ситуации.
Радио е сè уште најдинамичен, најбрз и најинтерактивен медиум кој постои, кој се адаптира на промените во 21-от век и нуди нови начини на интеракција и вклучување.
Еден од пронаоѓачите на радиото е Никола Тесла. Тој прв ги претстави принципите на радиото и преносот на сигнал на долги растојанија.