Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum денес ги отвора вратите на своето јубилејно 30-то издание, означувајќи го почетокот на инспиративните два дена исполнети со креативност, иновација и вмрежување!
По пристигнувањето на местото на настанот и регистрацијата на учеството, ќе следува турнеја на ближниот историски град Пиран, организирана од Туристичкото биро на Порторож. Турнејата ќе вклучува прекрасни панорамски погледи и разни гурмански задоволства. Првиот ден ќе биде комплетиран со „Забава за загревање“ во локалот News Café Bernardin во Порторож, организирана од Radio Capris. Учесниците ќе имаат можност да наздрават со македонски вино од Винаријата Тиквеш и српска ракија од Rakija bar & shop.
Работниот дел на фестивалот почнува утре од 10 часот. На фестивалската сцена ќе настапат голем број искусни професионалци, кои преку предавања и дискусии ќе ги споделат своите увиди и сознанија за најновите трендови во креативната индустрија. Листата на предавачи межете да ја разгледате на следниот ЛИНК.
Вечерта ќе биде крунисана со свечената церемонија на доделување награди, поддржана од Mastercard. Да потсетиме дека македонската агенција McCann Skopje и клиентот Халкбанк влегоа во финалето и ќе се борат за награда во две натпреварувачки категории.
По наградната церемонија, прославата на креативноста ќе продолжи со „Забавата на златните ѕвезди“ во Caffe Teater во Пиран, со што ќе заврши официјалната програма на фестивалот.