Денес и утре во словенечкиот крајморски град Порторож ќе се одржи 23-то издание на регионалната медиумска конференција SEMPL.
На сцената на овогдинешниот SEMPL ќе се појават многу познати меѓународни имиња од областа на огласувањето, медиумите, аудиовизуелната индустрија и спортот, вклучувајќи ги Небојша Мандрапа (член на тимот за односи со јавноста на Новак Ѓоковиќ), Маја Кремиќ (директор на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“), Ангелина Комарова (придружен продуцент на Нетфлисковиот мега хит “Emily in Paris“), Енди Вуд (режисер и продуцент специјализиран за музика во живо и радио/подкаст визуелизација во BBC), Брет Спенсер (извршен уредник, BBC Local Radio и Spiritland Productions) и Роберт Конел (раководител на одделението за комерцијална одржливост во ClimatePartner Austria GmbH).
Покрај споменатите имиња, своето знаење ќе го пренесат и повеќе од 30 гости, а во рамките на нивните области на делување ќе се фокусираат на тоа како да го привлечат и задржат вниманието на публиката.
По првиот ден од конференцијата, вечерта ќе следи доделување на наградите Sempler за најдобри медиумски стратегии во регионот. Водителка на конференцијата ќе биде хрватската водителка, музичар и активистка Ида Престер. Кој е најдобар во Јадранскиот регион ќе биде оценка на 10-члено жири со кое овојпат претседава Нермина Машала Келиќ, извршен директор на медиумската агенција UM Sarajevo.
Во пресрет на почетокот на конференцијата беа објавени и финалистите за доделувањето на наградите Sempler, кои што може да се разгледаат на следниот ЛИНК.
Повеќе информации за конференцијата може да се најдат на официјалниот веб-сајт ТУКА.