Од денеска (15 јуни) па се до Сабота (21 јуни) се оддржува најценетиот светски адвертајзинг фестивал – Cannes Lions, на кој ќе присуствуваат илјадници делегати од креативната индустрија ширум светот и ќе имаат можност да ги погледнат највпечатливите адвертајзинг проекти за изминатата година и секако да учествуваат во бројни семинари на актуелни теми од индустријата.
Cannes Lions почнувајќи од 1984 год. традиционално секоја година се оддржува во Кан, Франција.
Самите почетоци на фестивалот датираат од 1954 год. кога во Венеција, Франција беше организирано премиерното издание. Вториот фестивал се оддржа во Монте Карло (1955) а третиот во Кан (1956). Почнувајќи од 1957 се до 1983 фестивалот се менуваше гостуваќи во Кан и Венеција, за најпосле во 1984 година да биде финално решено дека дефинитивен домаќин во иднина ќе биде токму француски Кан.
Илјадници пријавени проекти од сите делови на светот (а и од Македонија) ќе се натпреваруваат за толку посакуваното “лавче“ кое се смета за врв на успешноста на некој проект, односно, момент кога креативната работа добива печат од целата светска адвертајзинг сцена.
Целата листа на категории и под-категории во однос на кои ќе бидат прогласени најдобрите проекти можете да ја видите на следниов ЛИНК.
Исто така секоја година на фестивалот се доделуваат и неколку специјални награди како:
– Agency of the year
– Creative marketer of the year
– Grand prix for good
– Holding company of the year
– Independent agency of the year
– Lion of st. mark
– Media person of the year
– National diploma
– Network of the year
– Palme d’or
Распоред на Наградни церемонии:
Понеделник 16 Jуни, 19:30
за категориите: Creative Effectiveness, Direct Lions, PR, Promo & Activation Lions Awards + Young Lions PR Competition
Вторник 17 Јуни, 19:00
за категориите:Media, Mobile, and Outdoor Lions Awards + Media Person of the Year + Media Network of the Year + Cannes Chimera Winners + Young Lions Media Competition
Среда 18 Јуни, 19:00
за категориите:Cyber, Design, Product Design, Press and Radio Lions Awards + Young Lions Cyber, Design и Print Competitions
Сабота 21 Јуни, 19:00
за категориите:Branded Content & Entertainment, Film, Film Craft, Innovation, и Titanium and Integrated Lions Awards + Young Lions Film and Marketers Competitions + сите преостанати специјални награди.
Еден ден претходно од секоја гала наградна церемонија ќе бидат објавувави и скратените листи, односно финалистите по категории, каде се надеваме дека ќе видиме и многу проекти од Македонија.
За повеќе информации поврзани со фестивалот, посетете ја официјална веб страна http://www.canneslions.com/ или следете ги официјалните ФБ и Твитер профили.