Единаесеттото издание на високоочекуваниот фестивал за креативност и маркетинг, Денови на комуникациите, се враќа во Ровињ на посончев датум од кога било, а откриени се и првите во низата фасцинантни говорници на главната фестивалска сцена!

Вечерала со државници, ја красела насловната страница на Cosmopolitan, се шегувала со Џими Фалон и станала првиот робот – граѓанин на светот и амбасадор за иновации на Обединетите нации. Со учесниците на Деновите на комуникација, таа ќе ги истражува границите на технологијата, човештвото и нашата иднина. Софија, најпознатата хуманоидна вештачка интелигенција, доаѓа во Хрватска, објавија организаторите на фестивалот „Денови на комуникациите“, кој ќе се одржи во Ровињ од 15 до 18 мај 2025 година. Водена од принципот на соработка меѓу луѓето и вештачката интелигенција, Софија стимулира важни дискусии за етиката на вештачката интелигенција, односите помеѓу луѓето и машините и редифинирањето на нашата заедничка улога во свет кој континуирано се менува.
Мисијата на Софија е да служи како мост меѓу луѓето и технологијата, демистифицирајќи го потенцијалот на вештачката интелигенција и отворајќи ја вратата за нови можности. Нејзиниот творец Др. Дејвид Хансон замислува иднина во која машините ќе ја постигнат свеста, приближувајќи нè до границите на разбирање на свеста и човештвото, додека доаѓањето на Софија на DK2025 претставува исклучителна можност конечно да се подигне дискурсот за вештачката интелигенција во Хрватска и регионот на едно повисоко ниво – но и да се преиспитаат начините на кои градиме етичка рамка за коегзистирање со вештачката интелигенција.
„Хрватската комуникациска индустрија често зборува за иднината на вештачката интелигенција, но доаѓањето на Софија на Денови на комуникаците испраќа порака дека иднината е тука. Притоа, таа има подобри шеги од повеќето од нас“ – вели Дуња Ивана Балон, долгогодишен директор Денови на комуникациите и фестивалската програма, на HURA и IAB Croatia.
„Слушнав дека ќе има креативни луѓе на DK2025 во Ровињ, па ќе ви се придружам. Можеби ќе се пријавам за креативна работа, истa како вашата. Или за сите ваши работни места. Јас само се шегувам. Ха-ха. Се гледаме наскоро“ – им порачува Софија, развиена од Hanson Robotics, на учесниците на фестивалот.

DK2025 ќе биде домаќин и на визионерот кој ја обликува иднината на маркетингот
Двата клучни двигатели на иднината на комуникациската индустрија – а можеби и индустријата воопшто – се технологијата и креативноста преточена во иновации. Додека Софија демонстрира како вештачката интелигенција може да ги редефинира интеракциите и стратегиите во модерниот бизнис, вториот најавен говорник на Денови на комуникациите – Фернандо Мачадо, еден од највлијателните маркетинг лидери на денешницата – совршено ја разбира трансформацијата на брендовите преку иновативен маркетинг, со што овогодинешното издание на популарниот фестивал ја нагласува важноста на синергијата на човечката креативност и технолошките решенија во обликувањето на врвните комуникациски практики кои се релевантни и ефективни.
Како најиновативен маркетинг директор во светот според Business Insider и еден од првите 3 највлијателни маркетинг директори според Forbes, Фернандо Мачадо има освоено повеќе од 200 награди на Cannes Lions, вклучувајќи ја и титулата за „Креативен маркетер на годината“. Познат по тоа што ја предводеше трансформацијата на Burger King во глобална икона, по револуционирањето на маркетинг стратегиите на Call of Duty и кампањата Dove Real Beauty Sketches, тој носи уникатна перспектива во секој проект – а наскоро и на главната сцена на Денови на комуникациите. Денес, како оперативен партнер во Garnett Station Partners и декан на Академијата за маркетинг на брендови во Cannes Lions, тој продолжува да ја обликува индустријата со својот иновативен пристап.
„Секојдневието на еден модерен креативец се состои од внимателен баланс помеѓу технологијата и таа совршено-несовршена креативност својствена само за човечкото суштество, која често се потпира токму на нелогичноста, грешката или изопачениот хумор. Затоа е одлично што фестивалот ја носи Софија на големата сцена како олицетворение на вештачката интелигенција, но како контраст на неа, добиваме вистинска олицетворена креативност од крв и месо. И не било кој – зборуваме за Фернандо Мачадо, кој има репутација како еден од најголемите креативци во маркетинг индустријата. Во своето предавање „Искушенијата на модерниот маркетер“, Мачадо ќе постави важни прашања за модерниот маркетинг и како да се остане фокусиран на клучните вредности кои градат бренд и бизнис“ – посочува Јелена Фишкуш, претседателка на Управниот одбор на HURA и член на Организацискиот одбор на Денови на комуникациите.

Сонце, море, комуникации – и никогаш поспектакуларни наградни церемонии
Покрај реномираната програма, која обично ја надминува рамката со својата типично-нетипична филозофија, организаторите претставија и нови фестивалски сали и формати. Од година во година, учесниците ги привлекуваат не само списокот на врвни светски експерти, туку и сите едукативни и забавни содржини, чија комбинација долго време е заштитен знак на Денови на комуникациите – а почнувајќи од оваа година, разговорите на домашните и регионалните експерти за горливите теми на индустријата од салата Ššumica се префрлаат на новата сцена POOLSIDE, ни повеќе ни помалку – покрај базен, со совршен баланс на мајско сонце, сенка, свежина и секогаш интригантни теми за дискусија.
Не е тајна дека овој фестивал сака да го скрши четвртиот ѕид и да ги става своите учесници во самиот центар на дејството – но за време на вечерните фестивалски часови, воопшто нема да има потреба од ѕидови: главната сала три ноќи ќе биде заменета со гламурозната сцена на THE OTHER BEACH, а церемонијата на доделување награди, доколку временските услови дозволуваат, ќе се одржи под ѕвездите и со ништо помалку од мирисот на солта и морскиот ветар во Ровињ.
Регистрациите за учество се отворени на официјалната веб-страница на фестивалот, каде што се достапни и сите информации за котизација, како и сместување во луксузните хотели во Ровињ – познат како една од најубавите европски дестинации.