Шестото издание на комуникацискиот фестивал Денови на комуникациите ќе се одржи од 12 до 15 април, а домаќин уште еднаш ќе биде градот Ровињ и хотелот Lone.
Високите очекувања од новото издание веќе ги потврди и директорката на фестивалот Дуња Ивана Балон, која најави симбиоза на технологија и креативност како тема на шестото издание на Денови на комуникациите:„Минатата година беше рекордна по сите показатели, а оваа година го подготвуваме сигурно најдоброто издание на фестивалот досега. Интензивно работиме на богатата програма со фокус на технологијата која во спрега со со врвните идеи дава разорни резултати. Затоа оваа година ќе ги доведеме најдобрите стручњаци од целиот свет кој ќе зборуваат за жешките теми од нашата индустрија, иновациите, технологијата, идеите и управувањето со податоци.”
Освен предавањата од реномирани стручњаци од огласувачката индустрија и односите со јавност, програмата на Денови на комуникациите е позната и по доделувањето на престижните награди, како што се Effie, IdejaX, Mixx и Young Lions.
Раните пријави за котизација и сместување ќе бидат отворени до 13 февруари 2017 година.
Повеќе информации пронајдете на www.danikomunikacija.com