Од 19 до 21 мај, повторно Денови на поезијата во Скопје Сити Мол. Годинава, и со отворена поетска сцена, со многу настани.
Да ги чествуваме Прличев, Миладинов, македонскиот јазик… Да ги чуеме и афирмираните современи поети, но и дебитантите.
Свеченото отворање и со Никола Ристановски на сцената ќе се случи на 19 мај, од 18 часот.
„Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското и далечно минато, за блиската или уште подалечна иднина.“, рече Ацо Шопов.
Дојдете во Скопје Сити Мол – меѓу стварноста и фантазијата!