Dentsu International лансираше нова глобална креативна мрежа, Dentsu Creative, обединувајќи ги сите свои креативни агенции, вклучувајќи ги DentsuMB, 360i и Isobar.
Одлуката на компанијата беше соопштена на Cannes Lions од страна на глобалниот извршен директор Венди Кларк и глобалниот креативен директор Фред Леврон.
Овој потег е дел од пошироката стратегија на Dentsu, чија цел е да го поедностави ангажманот со клиентите и да ја зајакне својата посветеност на креативноста.
Dentsu Creative ќе се состои од 9.000 креативни експерти на 46 пазари, поврзани со 37.000 експерти за медиуми и корисничко искустви низ Dentsu International и тесно ќе соработува со креативниот тим на Dentsu во Јапонија.
Во блиска иднина ќе бидат објавени дополнителни информации за лидерството на Dentsu Creative, кое ќе се состои од следната генерација на стратегиски, производствени, деловни и креативни лидери.
Лансирањето следува по објавата на Dentsu Group во февруари 2022 година за обезбедувањето на инвестициски фонд од 250 милијарди до 300 милијарди јапонски јени (околу 2 милијарди долари) за перидот од 2022 до 2024 година.