Јапонската агенциска групација Dentsu наајви глобално проширување на агенциската мрежа за иновации Dentsu Lab. Првите глобални „лаборатории за иновации“ ќе бидат отворени во Лондон, Амстердам, Варшава, Мумбаи и Бенгалуру, а дополнителни меѓународни канцеларии ќе бидат отворени во 2025 година.
Со оваа вест, Dentsu исто така го соопшти унапредувањето на Свен Хубертс во улогата на претседател за глобални иновации и искуство и претседател на Dentsu Lab. Хубертс ќе ја води Dentsu Lab во партнерство со Наоки Танака, директорот на лабораторијата за иновации во Токио, сега назначен и за генерален креативен директор на Dentsu Lab.
Глобалната иницијатива се надоврзува на успехот на пионерската Dentsu Lab Tokyo, основана во 2014 година од страна на глобалниот генерален креативен директор на Dentsu, Јасухару Сасаки. Во изминатата деценија, оваа лабораторија за иновации беше одговорна за некои од најуспешните иновативни проекти на агенциската мрежа. Меѓу нив се издвојуваат проекти за ослободување на креативниот потенцијал на луѓето со попреченост; оргнизација на меѓународни настани и употреба на алгоритми и визуелизација на податоци за подобрување на спортските искуства.
Новата меѓународна мрежа на лаборатории за иновација ќе работи кон заедничка мисија за унапредување на човечки искуства кои ги „раздвижуваат срцата на луѓето“, ќе влијаат на бизнисот и ќе го подобрат општеството во целина. Секоја лабораторија ќе биде надгледувана од посветено локално раководство, со тим од специјалисти кои ќе понудат низа услуги на пазарот. Тие ќе вклучуваат истражување и развој на иновативни решенија во области како: организацијата на настани, спортот, видео игрите, уметничките инсталации, малопродажбата, ласнирањето на нови производи, дизајнот, новите дигитални реалности, визуелизација на податоци, вештачката интелигенција итн. Лабораториите ќе бидат целосно интегрирани помеѓу себе и со постоечките канцеларии на Dentsu, со цел да се зајакне и прошири иновативната понуда на компанијата.
Лансирањето на лабораториите за иновација на Dentsu беше соопштено на првиот ден од Меѓународниот фестивал за креативност Cannes Lions 2024, како дел од презентацијата на претседателот и глобален извршен директор на Dentsu, Хироши Игараши, и глобалниот генерален креативен директор, Јасухару Сасаки.