Маркетинг групацијата Dentsu го именуваше Хамиш Кинибург како нов глобален стратешки директор за медиуми. Во новата функција, Кинибург ќе ја преземе одговорноста за стратешкото делување на медиските агенции Carat, iProspect и dentsu X.
Кинибург со себе носи 20 годишно деловно искуство, а неговото назначување доаѓа како дел од пошироко реструктуирање на компанијата. За својата работа тој ќе поднесува извештај до претседателот за глобални практики на Dentsu, Вил Свејн.
Зборувајќи за назначувањето на Кинибург, Свејн изјави: „Сега сме во важен момент за медиумите бидејќи пејзажот се менува со неверојатно темпо, влијаејќи на тоа како клиентите ги перцепираат и соработуваат со нивните агенции. Не би можел да бидам посреќен што му посакав добредојде на Хамиш во тимот на Dentsu. Тој ни се придружи во совршено време, за да го донесе своето огромно искуство и во стратегија и во консултантските услуги за нашиот бизнис, помагајќи ни да го отклучиме неискористениот потенцијал за клиентите и да го забрзаме силниот и одржлив раст“.
По повод своето приклучување кон компанијата, Хамиш Кинибург изјави: „Dentsu нуди нешто различно за индустријата и има навистина возбудлива визија – не само во начинот на кој пристапува кон целите на клиентот, туку и поради нивната интеграција, специјализирана експертиза и јапонско наследство. Со нетрпение очекувам да соработувам со тимот во толку возбудливо време на промени и можности во нашата индустрија. Преку соработка со тимовите на Dentsu ќе се поттикнат деловните успеси, како и општествените придобивки што можеме да ги постигнеме со нашата работа.“