Агенциската групација Dentsu соопшти дека го назначила Андре Андраде како генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Андраде се приклучува на групата на регионални извршни директори координирани од Џулио Малегори, неодамна назначен за главен оперативен директор на Dentsu Group на глобално ниво.
Андре е дел од Dentsu скоро 20 години, демонстрирајќи докажана способност да го поттикнува растот и да ги проширува односите со клиентите низ пазарите во Европа, Блискиот Исток и Африка. Од 2004 година тој беше извршен директор на Dentsu во Португалија, потоа извршен директор на Dentsu за Шпанија и Португалија, а следствено ја презеде одговорноста како извршен директор за Иберија и Субсахарска Африка во 2013 година.
Во оваа најскорешна улога, Андре значително ги зголеми приходите и перформансите на компанијата во споменатиот регион и испорача успешен план за аквизиции кој интегрираше десет операции преку медиумската, креативната, содржинската и податочната сфера, обезбедувајќи обединета пазарна понуда на нови услуги, способности и таленти во тимовите на Dentsu. Како генерален извршен директор за Европа, Блискиот Исток и Африка, Андраде ќе биде задолжен за водење стратегија насочена кон клиентите, нудејќи интегрирани решенија за раст низ целиот регион.
„Андре покажа страст и посветеност во обединувањето на најдоброто од Dentsu и ги предводеше иновациите за да испорача интегрирани решенија во широк обем. Со нетрпение очекувам да соработувам блиску со него, додека продолжуваме да ги ставаме нашите клиенти во центарот на нашата работа и да испорачуваме континуирано, интегрирано искуство, да го поттикнуваме растот и да ја развиваме нашата конкурентска предност“ – истакнува Хироши Игараши, претседател и извршен директор на Dentsu Group.
„Возбудливо време е да се биде дел од Dentsu со оглед на нашата уникатност на пазарот, наоѓајќи се на крстосницата помеѓу маркетингот, консалтингот и технологијата. Посветени сме да ја прифатиме клиент-центричноста во суштината на сè што правиме и одлуките што ги носиме. Подготвен сум да ја прифатам оваа следна можност со Dentsu и со нетрпение очекувам да работам заедно со нашите 16.000 луѓе ширум Европа, Блискиот Исток и Африка, во испорачувањето иновации и трансформација насочена кон луѓето за нашите клиенти“ – посочува Андре Андраде, по повод неговото ново назначување како извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.