Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување.
Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода на орочување, во зависност од нивните преференции, и тоа:
- 12 месеци со каматна стапка од 2,30%
- 25 месеци со каматна стапка од 2,60%
Оваа промотивна понуда е валидна до 31 август 2025 година, овозможувајќи им на штедачите сигурност и предвидливост, во услови на постојани финансиски промени.
Штедењето е темел на личната и на семејната финансиска стабилност. Затоа, со „Депозит плус“ во евра, Шпаркасе Банка нуди штеден производ што е пред сè транспарентен, со загарантирани приноси за целиот период на орочување, достапен за секој клиент и со исклучително поволна фиксна каматна стапка. Штедењето во евра е особено атрактивно за граѓаните што сакаат преку своите заштеди да обезбедат стабилност во валута што е широко прифатена и користена во меѓународни трансакции.
„Нашата банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година одбележува 200 години од своето основање – што е силен доказ за сигурноста, стабилноста и долгорочната визија што стои зад секој наш производ. Токму ова наследство, заедно со поволните услови, го прави штедењето во Шпаркасе Банка не само рационална, туку и мудра одлука за сите наши клиенти“ – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.
Зошто е важно да се биде примател на плата во Шпаркасе Банка?
Посебна предност имаат примателите на плата во Шпаркасе Банка, кои добиваат единствена и персонализирана понуда, приспособена на нивниот профил и финансиски потенцијал.
Шпаркасе Банка е институција што не само што нуди конкурентни каматни стапки, туку на своите клиенти им овозможува сеопфатна и интегрирана банкарска услуга – од секојдневно банкарство до штедење, кредити и инвестиции. Секој клиент добива пристап до производи и решенија креирани според неговите реални потреби и финансиски цели.
За повеќе информации, заинтересираните клиенти можат да ја посетат најблиската експозитура на Шпаркасе Банка или да се информираат преку веб-страницата: www.sparkasse.mk.