Најголемата конференција на ТВ-индустријата од регионот ја прославува својата петта година
Новите трендови во ТВ-индустријата се појавуваат секоја година, а сите сакаат да бидат во чекор со новитетите, па за иднината мора да почнат да се подготвуваат уште веднаш.
New Europe Market е годишен настан кој се одржува во прекрасниот хотел „Палас“ во Дубровник, а во фокусот се ставени промените што се случуваат во телевизиската индустрија, носејќи уникатно искуство за професионалците од целиот свет, кои на NEM можат да слушнат за новитетите и да се запознаат со најважните трендови од индустријата. Четиридневниот настан се состои од панел-дискусии, студии на случај, сесии за прашања и одговори, посебни презентации, скрининзи, маркет и можност за градење мрежа од контакти.
Ако сѐ уште не сте сигурни дали треба да го посетите Дубровник во јуни, ова се десетте причини зошто никако не смеете да го заобиколите NEM:
- Разменете искуства
Запознајте успешни експерти од полето на ТВ-индустријата и проширете ги деловните врски, разменете идеи и контакти. NEM е настан на кој се собираат националните телевизии, Pay-TV каналите, кабелските и сателитските оператори, компаниите за IPTV, продукциските, дистрибуциските и технолошките компании. Иако NEM е фокусиран на регионот на Централна и Источна Европа, на конференцијата доаѓаат гости од целиот свет.
- Следете ги разговорите за трендовите од индустријата
Без оглед на тоа дали сте искусен професионалец или сега се запознавате со ТВ-индустријата, сигурно ќе најдете нешто интересно за себе на NEM 2017. Ве чекаат панел-дискусии на кои ќе зборуваат одлични говорници како Мајк Моријарти од „AMC Networks International“, Пит Смит од „Antenna International“, Бартош Витак од „Viacom International“, Салим Мукадам од „BBC“ и уште многу други влијателни експерти.
- Договорете бизнис
Со оглед на тоа што NEM е место на кое се договараат бизниси, постои голема можност таму да запознаете купувачи за вашите содржини, канали или технолошки решенија. Бидете таму и продајте го својот производ!
- Инспирирајте се од нови идеи
Целиот NEM е во предзнак на размена на идеи, учење нови работи, разговори со професионалци, наоѓање инспирација и стратегија за уште поголем успех.
- Прославете го петтиот роденден на NEM со најзабавното друштво
Ова е петта година од постоењето на NEM. Што значи дека NEM сѐ уште е дете, но можеме да ве увериме дека се работи за многу паметно дете! Ако целиот ден го поминувате размислувајќи и расправајќи за работата, барем потрудете се навечер да оставите место за добра забава. Посакајте му на NEM среќен роденден и чукнете ги чашите!
- Посетете го најубавиот град на брегот
Има само неколку града во Европа кои го пренесуваат автентичното искуство на старите поморски места, а еден од нив е Дубровник. За овој град со богата култура и историја често се вели дека е „Бисер на Јадранот“. Стариот град е опкружен со бедеми кои порано служеле за заштита на градот од разни закани, а денес се една од најспектакуларните туристички атракции.
- Спојте ја работата со уживањето
NEM е позната како многу лежерна конференција каде во динамична атмосфера можете да запознаете нови луѓе, да се забавувате и да создадете незаборавни спомени.
- Бидете во чекор со дигиталниот напредок во медиумите
Дигиталната технологија напредуваше и радикално го промени начинот на којшто живееме, размислуваме и работиме. Откако корисниците престанаа да гледаат на медиумите на традиционалниот начин, телевизијата, но и другите медиуми, мораат да размислуваат проактивно и да нудат нешто ново. Дознајте што е потребно за да може постојано да бидете во чекор со новите дигитални трендови и да се докажете како подобри, побрзи и поинакви од другите.
- Вдишете го Медитеранот
Без оглед на тоа дали сакате море, удобни кафулиња и ресторани, добро вино, улички со калдрма или, едноставно, Медитеранот ви е слабост, NEM е совршена можност да се присетите на една од тие љубови.
- Квалитет, а не квантитет
NEM можеби нема илјадници учесници секоја година, но тие што се важни ќе бидат таму и ќе го збогатат Вашето искуство во најдобрата конференција во регионот на Централна и Источна Европа.