Ако сеуште не сте чуле за Mindscapes или не сте биле учесник на некоја од нивните работилници, сега е правиот момент!
Светски реномираните маркетинг експерти од Израел, во рамките на Direct Media Академијата, која се одржува од 28-ми до 30-ти мај во Мадленианум, ќе одржат специјална работилница после која веќе ништо нема да биде исто – барем така кажуваат учесниците на нивните тренинзи.
Белград ќе има прилика да го запознае Равид Куперберг, еден од кретивните умови на оваа организација. Равид за учесниците на модулите на Direct Medija Академијата припреми работилница со назив Cracking the Codes of Creativity and Innovation или Како да го дешифрирате кретивното и иновативното . Четиричасовната работилница ќе нуди конкретни и моќни алатки со кои се откриваат обрасците на иновативното и креативното размислување.
Инаку, зад името Mindscapes стои разработен систен на тренинзи, а нивните методи се алатки креирани преку анализирање на најиновативните и најкреативните наградувани кампањи од целиот свет. Нивни клиенти се најголемите светски компании и брендови, а нивниот успех е оправдан од триестина кански Лавови, како и 3 Grand Prix Lion награди кои ги имаат освоено токму учесниците на нивните Mindscapes работилници!
Равид Куперберг често одржува централни предавања и обуки на најголемите меѓународни маркетиншки фестивали, меѓу кои и престижниот фестивал на креативноста во Кан. Освен на работилницата, Равид ќе биде и предавач на Фестивалскиот ден на Direct Media Академијата кој се одржува на 30-ти мај, каде што ќе се говори за поимот „StoryTeching“ односно за употребата на технологијата во маркетингот.
Под слоганот “Новата ера на комуникацијата”, тродневната Direct Media Академија која ја организира DIRECT MEDIA United Solutions, ќе се опфатат темите за траснформациите на медиумите, новите технологии и иновативниот менаџмент.
За Mindscapes работилниците, сите заинтересирани можат да се пријават преку одбирањето на еден од двата модули:
Модулот “Новиот свет на медиумите” ќе одговори на прашањата за иднината на телевизијата, социјалните мрежи, како и улогата на податоците во комуницирањето.
Модулот “Нов брендинг – Хокус покус”, ќе го претстави новиот концепт на брендингот и на учесниците ќе им даде насока и алатки за транзиција во иновативните стратегии на брендирање.
Фестивалскиот ден на академјата е резервиран за серија предавања на светски и домашни имиња од адвертајзинг индустријата и други, тесно поврзани гранки.
Раните пријави траат до 1-ви мај преку сајтот www.directmediacademy.com. Има посебен попуст за студенти, а приходот од продажбата на котизациите ќе биде дониран во хуманитарни цели. Приходот од минатогодишната академија е дониран во NURDOR.
Овогодинешната Direct Media Академија е посветена на обележувањето на 500 годишнината од смртта на симболот на ренесансната ера, сестраниот гениј и визионер – Леонардо да Винчи.
Зачекорете во новата ера на комуникацијата!
Пријавете се на www.directmediacademy.com