Deutsche Telekom ја пренаменува технологијата на NFT-а со цел поддршка на младинските волонтерски проекти низ Европа, докажувајќи дека дигиталните средства носат вистинска вредност за реалниот свет.
Кампањата #WhatWeValue („Она што го вреднуваме“) е развиена со помош на агенцијата Saatchi & Saatchi за да ја поттикне трудољубивоста на младите луѓе преку трансформирање на перцепциите за NFT од алатка за парична добивка во механизам за пошироко општествено добро.
Изградена околу новата дигитална заедница, иницијативата поканува волонтери на возраст од 18-30 години од цела Европа да водат различни проекти кои се движат од родова инклузија и климатски промени до урбана регенерација.
Проектите кои ги исполнуваат критериумите на Deutsche Telekom ќе бидат означени како “Value NFT” („Вредносни NFT“), овозможувајќи им практични придобивки на младите, како персонализирана поддршка од телекомуникацискиот провајдер и пристап до заедницата на истомисленици на платформата Discord.
Генералниот бренд директор на Deutsche Telekom, Улрих Кленке, посочи: „Волонтерството е клучен пример за тоа како младите луѓе користат поврзани технологии за да создадат акција во реалниот свет и да ги трансформираат нашите животи на подобро. Ова го нарекуваме „дигитален оптимизам“. Со #WhatWeValue, продолжуваме да ја демонстрираме нашата посветеност на генерацијата Z, користејќи web3 технологии за да ги надополниме причините што им се најважни“.
Иницијативата веќе има помага 100 проекти во 10 земји, но сега го редефинира акронимот NFT како средство за искористување на потенцијалот на web3 технологиите за исполнување на јавниот интерес.