Во својата нова кампања насловена „Warmland“, германскиот телекомуникациски бренд Дојче Телеком ги илустрира реалните влијанија на климатските промени преку минијатурни макети на градови.
Кампањата се реализира во соработка со Музејот „Miniatur Wunderland“ во Хамбург, каде се наоѓа најголемиот модел на железнички систем во светот. Преку интерактивна апликација за проширена реалност на лице место, посетителите можат од прва рака да се соочат со последиците од глобалното затоплување.
Музејот годишно го постуваат околу 25 милиони луѓе, а проектот на Дојче Телеком треба да ги охрабри сите тие луѓе да не замижуваат пред очигледниот проблем. Кампањата беше лансирана на прес-конференција во музејот, на која беа поканети научници, новинари и инфлуенсери.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата Grabarz & Partner.