Бидејќи терминот „маркетинг“ се однесува на широк опсег на идеологии, дезинформациите за маркетингот понекогаш може да изгледаат како вистинити. Дури и професионалците, како и оние со големо искуство не е невообичаено да имаат мислења што не се усогласуваат целосно со маркетиншките факти. Планирањето на вашите идни маркетинг активности може да биде предизвик со оглед на бројните маркетиншки митови и заблуди кои моментално се во оптек.
Заблудите и митовите за маркетингот може да ги попречат дури и најефективните стратегии за генерирање на потенцијални клиенти и маркетинг планови. Овие заблуди и митови често влијаат дури и на најголемите светски бизниси. Не само што треба да вложите напор, туку треба и да имате солидно разбирање за тоа што сакате да постигнете за да успеете во маркетингот. Постојат бројни универзални вистини на полето на маркетингот, како и бројни, ако не и повеќе, вообичаени маркетинг заблуди. Подолу ќе ви ги претставиме 9те маркетинг митови кои не се точни.
Мит бр.1: На малите бизниси не им е потребен маркетинг
Воопшто не е точно дека на малите бизниси не им е потребен маркетинг. Разбирливо е дека малите бизниси немат толку голем буџет како компаниите кои се подолго време на пазарот, меѓутоа изоставањето на маркетинг стратегија кај малите бизниси е многу погрешно. Како мал бизнис, или бизнис кој е нов на пазарот, неопходно е да се инвестира во маркетинг со цел потенцијалните клиенти да дознаат за вас и вашата понуда. Маркетингот ќе го претстави вашиот бренд пред јавноста, ќе ја зголеми вашата продажба и ќе ви помогне во остварување на вашите бизнис цели. Иако ресурсите се ограничени, од суштинско значење е малите бизниси да инвестираат во развоj и имплементација на маркетинг стратегија.
Мит бр.2: Ако производот е добар не е потребен маркетинг
Со толку голема конкуренција на пазарот тешко дека ова ќе можеме да го прифатиме како точно. Без разлика колку е добар вашиот производ или услуга, истиот мора да се бори против милиони други производи на пазарот за да го привлече вниманието на купувачите. Маркетингот е неопходен за секој бизнис, без разлика дали се работи за голем или мал бизнис, поради што дури и најпознатите компании како на пример Apple, продолжуваат да се рекламираат без разлика што веќе е позната и призната компанија од светски размери.
Мит бр.3: Маркетингот е лесен и секој може да го прави
Доколку тоа беше точно, во моментов би имало милион компании кои би биле многу успешни бидејќи нели – секој извршува одредена маркетинг активност за својот бизнис. Некои луѓе веруваат дека едноставното објавување и управување со вашите профили на социјалните мрежи е доволно. Планирањето и истражувањето го сметаат за непотребно. Но, ова е далеку од вистина. Маркетингот како алатка која денес најмногу се користи не е ни малку лесна како што некои мислат. За да успеете во маркетингот потребно ви е време, средства но, најбитно е планирањето на соодветни стратегии за маркетинг кои треба да ги дадат посакуваните резултати. Овде не се работи само за квантитет, се работи за квалитет кој со грижливо направен маркетинг план несомнено ќе биде успешен.
Мит бр.4: Маркетингот треба да дава брзи резултати
Премногу често, оние кои се нови во областа се незадоволни кога нивните напори не даваат инстантни резултати. Кога ќе ги погледнете одличните резултати од вашата маркетинг кампања, но сепак не добивате нови нарачки за вашиот производ веднаш, сигурно помислувате дека правите нешто погрешно, нели? Погрешно! Вистина е дека дигиталниот маркетинг најверојатно ќе даде резултати побрзо од традиционалните маркетинг методи. Сепак, потребно е време за да го видите ефектот од маркетингот бидејќи за еден купувач да се одлучи на нарачка потребни се повеќе интеракции со вашиот бренд и производ. Како правило, често се наведува дека се потребно во просек седум интеракции со вашиот бренд пред да се изврши купувањето.
Мит бр.5: Маркетингот е наменет само за стекнување на нови клиенти
Една од најраспространетите заблуди за маркетингот е дека неговата единствена цел е да донесе нови клиенти. Не можете да ги фокусирате вашите маркетинг напори само на стекнување нови клиенти. Мора активно да им се посветите на постојните клиенти, да ја изградите репутацијата на вашиот бренд за да ги задржите постојните клиенти и да привлечете нови. Исто така, мора да ја покажете вашата лојалност кон вашите постоечки клиенти доколку сакате да продолжат со користење на вашите производи или услуги. Кога имате лојални клиенти, тие ќе бидат вашиот бесплатен маркетинг со тоа што ќе ве преорачуваат на други на кои им се потребни истите производи или услуги.
Мит бр.6: Потребно е да го насочиме нашиот маркетинг кон сите, бидејќи сите се наши клиенти
Тука треба да се напомене дека нè секој може и сака да биде ваш клиент, односно да биде заинтересиран за вашите производи или услуги што ги нудите. Па оттука, произлегува фактот дека со помош на маркетингот треба да ги привлечете оние клиенти кои би биле заинтересирани за вас и за тоа што го нудите. Запомнете, нè секој има потреба од она што вие го нудите, така што маркетингот насочен кон секого е едноставно губење време и пари. Прво, јасно дефинирајте која е вашата публика, кои се нивните проблеми, цели и желби, па потоа пренесете го тоа преку вашиот маркетинг.
Мит бр.7: Ако имаш профил на некои од популарните социјални медиуми, не ти е потребна веб страна
Свесни сме дека популарноста на социјалните медиуми во светот постојано расте, а со тоа се зголемува и користењето на овие медиуми за маркетинг цели. Но, дали е тоа доволно? Сепак останува фактот дека поседувањето на ваша веб страна е исто така од големо значење. Добро е да се искористат социјалните медиуми за маркетинг, но само за да можете преку нив да ги насочите потенцијалните клиенти кон вашата веб страна. Поседувањето на добро организирана и функционална веб страна создава чувство на сигурност кај потенцијалниот клиент.
Мит бр.8: Направете ја вашата веб-страница, и готово!
Многумина мислат дека работата е завршена кога веб страната ќе биде креирана. Но, не е така. Креирањето на веб страна е само почеток на работата. За да биде успешен бизнисот, веб страната не е крајното решение, туку од тука почнуваат низа други активности. Веб страната треба постојано да се одржува, но и да се промовира за да стане широко достапна за јавноста и потенцијалните клиенти.
Мит бр.9: Колку повеќе пари потрошени на маркетинг, толку повеќе клиенти
Веројатно ќе добиете повеќе потенцијални клиенти ако потрошите повеќе пари на маркетинг, но се разбира дека потенцијалните клиенти не секогаш стануваат клиенти. За најдобри резултати, кога станува збор за генерирање на потенцијални клиенти, потребно е да поставите приоритет на квалитетот пред квантитетот. За да го постигнете ова, внимателно треба да ги насочите вашите маркетинг активности кон т.н. “идеални купувачи” . Така, ќе заштедите пари, но и ќе добиете зголемен број на продажби.
Ова се 9-те митови за маркетингот кои Ви ги претставивме, иако постојат уште многу вакви. За крај само да напоменеме уште еднаш дека за да имате успешен маркетинг потребно е време, напор, упорна работа, а пред сè добра стратегија која ќе ви овозможи да се котирате виско на пазарот кој станува сè поконкурентен.