Дури и на врвните возачи понекогаш им е потребна помош при градското возење
BETC Париз и Пежо се здружија со деветкратниот светски првак во рели и возач на Пежо, Себастијан Лоеб за промовирање на новиот модел на “градски автомобил” Пежо 208, докажувајќи дека дури и на врвните возачи понекогаш им е потребна помош при градско возење.
Новата реклама делумно ги пародизира рекламите на класичните автомобили кои промовираат нови безбедносни системи, бидејќи Лоеб едноставно одбива да ја искористи нивната помош, со тоа што го доведува нараторот на спотот до лудило.
На крајот, сепак, Лоеб беше е казнет за својата ароганција, па заради одбивањето да ги користи промовираните системи прави грешка, на одушевување на нараторот на спотот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=_pHWi3tt6EA
Креативниот директор на рекламата, Дејвид Мартин Ангелус, вели дека односот на двата актери во видеото е она што го прави посебно. “Она што ја прави рекламата толку реална е фактот што нараторот Луис и Себастијан Лоеб навистина се слушаа еден со друг за време на снимањето. Имаше моменти што моравме да ги отсечеме од видеото затоа што не можеа да престанат да се смеат”.
Новата реклама претставува нов исчекор во односите меѓу Пежо и нивната долгогодишна агенција BETC Париз, бидејќи ова е прва кампања, која ја изработи целосно нов тим во агенцијата.