Прва Гран При награда за проект од Аргентина
Компанијата Unilever и агенцијата Wunderman Thompson Латинска Америка ја однесоа главната награда во категоријата иновации за инклузивен дизајн на производ – дезодоранс создаден за луѓе со моторна дисфункција на горните екстремитети.
За да создаде инклузивен дизајн на ваквов производ, тимот на дизајнери на агенцијата Wunderman Thompson се консултираше со работни терапевти, претставници на лица со попреченост, како и други експерти, со цел изработка на стик дезодоранс што ќе биде лесен за употреба за лица со моторни попречености. Бидејќи едно од четири лица во САД живее со некаква форма на инвалидитет, агенцијата соопшти дека постои јаз кога станува збор за хигиенски производи создадени специјално за оваа популација.
Себастијан Таразага, главен креативен директор на агенцијата Wunderman Thompson вели дека ова е прво Гран при за проект од Аргентина.
„Да се освои Кански лав е нешто прекрасно, а сознанието дека ја освоивме првата Гран при во историјата на Аргентина е импресивно“, изјави Таразага. „Многу сум среќен што работата на голем број луѓе беше препознаена на најголемиот фестивал во светот. Исто така, сакам да му честитам на Унилевер за претворање на оваа идеја во реалност. Ова не само што ја инспирира целата наша индустрија, туку и сите луѓе, без оглед дали се дел од приказната или не, да растат, да се развиваат и да го направат овој свет подобро место за сите нас “.