Модниот бренд Diesel се здружи со Coca-Cola со цел да „скројат“ модна колекција која вклучува рециклирани материјали. Колекцијата, насловена “The (Re)Collection”, се состои од 12 парчиња облека во кои се употребени материјали како рециклирани пластични шишиња или рециклиран памук. Облеката има двојно брендирање, на Diesel и Coca-Cola.
Можеби најиновативниот аспект е како потрошувачите може да дојдат до колекцијата. Имено тие може со својот паметен уред да го скенираат логото кое означува рециклирање на која било корпа за рециклирање во светот, по што ќе бидат одведени до специјализиран веб-сајт.
Премиерниот промотивен настан за колекцијата се одржа во Париз изминатиов викенд, по што ќе следуваат промотивни настани и во повеќе светски градови како Лондон, Милано, Токио, Шангај, Пекинг, Њујорк и други. Почнувајќи од 7 октомври, па во наредните три месеци, колекцијата ќе биде достапна и во селектирани продавници на Дизел ширум светот.
Кампањата е дело на агенцијата Публицис Италија.