По само 10 месеци соработка со агенцијата Anomaly, Diesel глобалниот креативен акаунт го додели на агенцијата Публицис Италија
Италијанскиот бренд за облека Diesel, познат по своите необични реклами, се збогува со агенцијата Anomaly по само 10 месеци соработка и ја именува агенцијата Публицис Италија да го води нивниот глобален акаунт.
Diesel ја именува Публицис без формален питч. На почетокот на оваа година Публицис работеше на една студија со брендот, a Diesel ја прошири нивната одговорност која сега ја покрива глобалната креатива.
Новите кампањи од Публицис можат да се очекуваат за многу брзо време, а први ќе бидат оние за промоција на линијата есен/зима на овај бренд која излегува во септември.
Bruno Bertelli, кој во мај минатата година е именуван за глобален креативен директор на Publicis Worldwide и тоа набрзо откако агенцијата победи на глобалниот питч за Heineken account, исто така е CEO за Публицис Италија. „Dizel е култен бренд кој се противи на обичното и заради тоа сум многу горд што мојата агенција е избрана како нивен партнер,“ изјави во соопштението. “Кога луѓето размислуваат за Diesel, првата работа која им паѓа на памет, поктај квалитетот на производите, несомнено е силната комуникација која секогаш е пред своето време.“
Diesel е прогласен за огласувач на годината на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions во 1998 година и е најпознат по својата долгогодишна кампања „For Successful Living“која за прв пат започна во 1991 година, а повремено се користи и денес.
Во 2010 година, глобалната кампања на Diesel „Be Stupid“ освои Гранд при во категоријата Outdoor Lions во Кан, но беше забранета во Велика Британија од страна на Агенцијата за огласувачки стандарди. Оваа кампања ја изработи агенцијата Anomaly во своите рани ангажмани за брендот, а кои завршија во 2010 година, набрзо откако кампањата освои Гранд при. Од тогаш, па се до повторноно враќање на агенцијата Anomaly во 2016 година, Diesel работеше со агенциите Fred & Farid Шангај, SuperHeroes од Амстердам, CP&B и други.