Во својата нова есенска кампања, модниот бренд Diesel се фокусира на неостварените летни спомени и настани кои биле откажани поради пандемијата.
Кампањата насловена „Незаборавни фармерки“ (“Unforgettable Denim”) ја промовира новата колекција фармерки на Diesel на кои може да се додава персонализиран текст за неостварените летни планови.
Главниот спот на кампањата прикажува млади луѓе кои се обидуваат да ги импровизираат и реплицираат своите планирани летни активности и патувања, па така гледаме сурфер кој „сурфа“ во количка за пазарење наместо на брановите во Бали и девојка која се посветува на паркур наместо да планинари на Андите. „Создадете убави спомени од она што не го направивте“, се истакнува во рекламата.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Publicis Italy, а продукциската куќа е Somesuch.